Веќе долго време помеѓу луѓето владее менталитетот „колку поголемо-толку подобро“. Но, нештата се менуваат. Малите куќички се наметнуваат како финансиски достапен начин да се вдомат бездомниците. И не мора да значи дека овие куќички треба да се здодевни и грди. Не верувате? Погледнете ги следните примери:
1. Оваа мала куќа наречена „Клин“ е осмислена и изградена од Вилхаус. „Клинот“ се одликува со закосен покрив кој започнува ниско во спалната и се извишува до 5 метри во дневната соба. Предниот дел е речиси целиот изработен од стакло, што на куќата и дава чувство на отвореност со изобилство на природна светлина. Почетната цена за оваа куќа е 89.000 долари.
2. Ги немате тие пари за фрлање? Нема никаков проблем! Мејси Милер е само една од многути сопственици на мали куќички која сама си ја изградила својата куќа. Ѝ биле потребни две години, при што си го скршила стапалото и грбот, но си го запознала и својот иден сопруг. Куќата е пренослива и ја чинела 11.000 долари.
3. Тргнете на видео тура низ „Куполестата куќа“ на Стив Арин. Тој оваа мала куќичка ја направил речиси целосно од природни материјали на една плантажа за манго во североисточен Тајланд, што го чинело само 9.000 долари. Местото му го понудил неговиот пријател, материјалот го чинел релативно евтино и не морал да се грижи за изолација и студеното време. Во куќата има лежалка, крај неа има езерце и многу тропски растенија.
4. Не ви се купува ниту пак ви се гради куќа од почеток? Мишел де ла Вега својата гаража од 23 метри квадратни ја преуредила во мала куќа. Поголемиот дел од мебелот и другите предмети биле специјално изработени за куќичката или најдени на старо и пренаменети од самата де ла Вега.
5. Една од најфутуристичките куќи, „Blob VB3“ од фирмата за архитектонски дизајн dmvA, е јајцевидна куќичка со бања, кујна, кревет, осветлување и неколку полици за складирање. Прозорецот на таванот и вратата се извор на природна светлина и струење на возухот, а едната страна се отвора целосно и служи како трем.
6. Номадскиот микро-дом е релативно евтина опција за тие коишто сакаат да си купаат модерна мала куќичка и да бидат во тренд. Оваа куќа од девет метри квадратни, којашто чини 30.000 долари, може да биде испорачана било каде во светот и потребни се само неколку дена за да се склопи. На долниот кат има дневна соба, кујна и бања, додека на вториот има мала спална соба. Куќата е опремена со соларни панели, систем за собирање на дождовна вода и големи прозорци кои обезбедуваат природна светлина и помагаат малиот простор да се чини поголем отколку што изгледа. Како што посочува името, куќата е пренослива.
7. Меган Ли, советник за одржливи градби, изградила куќичка во нејзината градина од рециклирана дрвна граѓа од локална штала, со покрив од бакарен лим. Се загрева со помош на печка на дрва. Ли не била задоволна од тоа како напредувал тој дел од нејзината градина бидејќи се наоѓал под сенка, па така решила таму да направи мала куќа. Резултатот е мала куќичка речиси целосно направена од рециклиран материјал.