Годвин Нваофора сега има 36 години, а пред 9 години се преселил од Нигерија во Обединетото Кралство и се оженил со Германка. Тој им праќал на луѓето e-mail пораки во кои ги лажел дека се добитници на голема сума пари на лотарија. Се што требало да направат луѓето за да си ја подигнат наградата е да платат одреден надомест за обработка и трансфер на средствата. Меѓу стотиците жртви биле многу пензионери кои не го разбирале добро интернетот. Така измамникот успеал да собере 2 милиони долари и да си живее луксузен живот, се додека британската полиција не го уапси. Судот го осуди на 7 години затвор.