Швајцарската компанија Алгорданца пронашла впечатлив и неочекуван приод кон зачувувањето на споменот кон починатите.
Пепелта од кремираните посмртни останки ја компресираат и загреваат на крајно висока температура создавајќи дијаманти.Прво се почнува со хемиски процес за да се издвои јаглеродот од пепелта. Потоа тој јаглерод се загрева и се претвора во графит, кој потоа се загрева на уште повисока температура и се подложува на силен притисок што резултира со дијамант. Бојата на дијамантите може да варира од бела до темно сина, што зависи од количеството на бор во пепелта на покојникот. Цената за овој процес почнува од 4250 швајцарски франци без дополнителни трошоци.
Човечкото тело содржи 18 проценти јаглерод. По кремирањето од тие 18 остануваат 2 проценти, коишто се искористуваат за да се направат дијаманти.
Последните две фотографии се од човек кој својата баба ја повел на патување низ САД откако нејзините кремирани останки биле претворени во дијамантски прстен.