Мистериозна дрвена статуа извадена од тресетиште во источна Русија во деветнаесеттиот век оваа недела од страна на германски научници беше датирана пред 11.000 години, со што најстарата дрворезба во светот стана уште постара.
Во 1997 година, со помош на радиојаглеродно датирање беше проценето дека статуата е стара приближно 9.500 години, но нов тим на научници повторно ја анализираше употребувајќи акцелераторска масена спектометрија, многу почувствителен метод. Ова открило дека статуата всушност била создадена околу 1500 години порано, на почетокот на Холоценската епоха – почетокот на периодот во кој луѓето почнале да владеат со светот.
Томас Тербергер, еденод инволвираните во датирањето на идолот, за Сибирски Новости кажа: „Резултатите ги надминаа нашите очекувања. Ова е крајно значаен податок за меѓународната научна заедница. Значаен за разбирањето на развојот на цивилизацијата, уметноста на Евроазија и човештвото во целина.
„Можеме да кажеме дека во тие времиња, пред 11.000 години, ловците рибарите и собирачите од Уралската област не биле ништо помалку развиени од земјоделците на Средниот Исток.“
Невообичаената дрворезба, наречена „Шигирски идол“, се верува дека е создадена од древна цивилизација за религиозни и спиритуални намени, и на неа има врежан натпис на некој изгубен јазик, за кој научниците се многу далеку од неговото дешифрирање.
Безимениот дрцоделец го направил идолот од дрвото ариш, употребувајќи камени алатки, и на него се претставени седум лица, од коишто едното е тродимензионално, и потоа ги врежал симболите. Тој порано бил висок 5.3 метри, но сега е висок само 2.8 метри, бидејќи делоиви од него исчезнале за време на Советската ера, но не пред археологот од пред револуцијата, Владимир Толмачев, да успее да го нацрта целосното дело (на сликата подолу).
Дрвениот идол, кој во моментот е изложен во историскиот музеј во Свердловск во Екатеринбург, Русија, е двојно постоар од пирамидите во Египет, како и од Стоунхенџ во Велика Британија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.