Лузните можат да бидат доживотно потсетување на претрпеното злоставување, па така уметничката Флавиа Карваљо решила да стори нешто во врска со тоа.
Нејзиниот проект „A Pele da Flor“ (Кжа на цвеќето) е осмислен на повредените жени да им прави бесплатни тетоважи. Две години Карваљо им помагала на жените со лузни направени од ножови, па дури и од куршуми, како и од мастектомија. Таа ги трансформира тие непријатни потсетници во инструмент за добивање на чувство за моќ и убавина.
Флавија Карваљо води студио во Куритиба, Бразил. „Го започнав овој проект сосема неодамна, и немав поим дека ќе привлечам толку многу медиумско внимание“ раскажала Карваљо за Хафингтон Пост. „Сето тоа започна многу спонтано. Како што кажав, сите мои услуги се стопроцентно волонтерски, и единствената „цена“ којашто жените треба да ја платат е да си изберат дизајн за нивните тетоважи.“
„Сето тоа започна пред околу две години, кога работев со клиентка која сакаше да покрие голема лузна на нејзиниот стомак.“
„Ми раскажа дека била во ноќен клуб, и кога се свртела, ѝ пристапил маж и ја прободел со нож.“
„Кога ја виде готовата тетоважа, таа беше крајно трогната и тоа и мене длабоко ме трогна.“
„Најмногу ме шокираше приказната на седумнаесетгодишна девојка која се забавувала со постар маж и со месеци трпела физичко злоставување.“
„Кога тој сакал да раскине со неа, ѝ закажал состанок и откако почнале да се тепаат, ја прободел неколку пати во стомакот и потоа крвнички ја силувал.“
Таа исто така прави бесплатни тетоважи за жените кои морале да минат низ вастектомија (делумно или целосно отстранување на дојка).
Оваа тетоважа покрива лузна направена од куршум