Со години луѓето се обидуваат да го усовршат дизајнот на чадорот, но без некој голем успех. Што и да прават, чадорот секогаш е подложен на виткање и кршење. Но, дизајнерите од Кина конечно развија еден сосема нов дизајн наречен „воздушен чадор“, кој нема платно и игли кои да се виткаат и кршат. Наместо тоа, овој револуционерен „невидлив“ чадор со помош на повеќенасочни воздушни млазови го одбива дождот од вас.
Дизајнерот Чуан Ванг покренал Кикстартер кампања за финансиска помош за проектот. Предвидени се повеќе дизајни, но ниеден од производите нема да биде достапен пред последната четвртина од 2015 година.