Убава но глупава студентка оди на испит кај еден искусен професор, облечена во многу провокативнa облека. Професорот и поставува неколку прашања, а студентката слика има – тон нема. Професорот и вели:
– Колешке, можам да ви предложам две работи. Или ново прашање, или… средба. Што ќе одберете?
– О-о-о, одбирам средба се разбира! – Се насмевнува заводливо студентката.
– Па добро тогаш. Ќе се сретнеме повторно наредната сесија.