Европските влади ѝ го вртат грбот на најлошата хуманитарна криза на нашето време. Зарем е можно во ова време, во 21. век, и покрај сиот тој хуманизам и ренесанса, просветителство, борбата за братство и еднаквост, технолошкиот напредок итн. да се демонстрира таква бездушност и тесноградие? Срцепарателната фотографија на мртвото сириско момченце чиешто безживотно тело беше исфрлено на плажа во Турција ја прикажа вистинската трагедија на овие несреќни луѓе. „Само по Божја милост ова не е ваше дете“, пишуваат многу корисници на Фејсбук кои ја споделуваат оваа ужасна слика со невиното детенце. „Поразот на светот во една фотографија“, коментира друг човек.

aj01

Името на ова дете е Ајлан. Тој имал само три години кога се удавил во водите на Средоземното море, заедно со неговиот петгодишен брат Галип. Момчињата со нивниот татко се обидувале да минат од Бодрум во Труција до грчкиот остров Кос. Бегале од насилството, угнетувањето и гладот во Кобани, град во северна Сирија кој долго време се наоѓа на линија на огнот помеѓу милитантните терористи на ИСИС и курдските сили. По триесет минути нивниот чамец се превртел и децата кои не носеле појаси за спасување немале никаква шанса. Помеѓу вкупно дванаесетте настрадани се нашле и три други деца и една жена. Сликата на безживотното тело на Ајлан со часови беше вирална на интернет, станувајќи највртената слика на Твитер под хаштагот #KiyiyaVuranInsanlik (човештвото исфрлено на брег).

aj02

Минатата година над 3000 луѓе умреле минувајќи го Средоземното Море во очаен обид да стигнат до Европа. Се чини дека во 2015 оваа бројка ќе се удвои, бидејќи само до средината на летото бројката на загинати лица достигна до 2500 и секој ден се зголемува. Повеќето луѓе кои бегаат од нивните домови доаѓаат од Северна Африка и од Блискиот Исток: тие не се „економски мигранти“ како што некои ги нарекуваат, туку се просто кажано бегалци кои немале никаков друг избор освен да го ризикуваат сопствениот живот и да тргнат во потрага по преживување на друго место.

aj03

aj04

Македонија, Грција, Србија, Италија, Чешка се исправени пред тежок предизвик да се справат со големиот број бегалци очајни за прибежиште. Турција, исто така е под тежок товар на илјадниците семејства кои се слеваат во земјата во обид да најдат начин да стигнат во Европа. Германија објави дека нема да ги враќа сириските бегалци и канцеларката Меркел ги критикуваше другите членки на Унијата дека прават недоволно за да го олеснат колектиовниот товар.

aj05

Британскиот пратеник Дејвид Камерон удобно заборава дека започнувањето на бруталната граѓанска војна во Сирија е директната причина за кризата на која сега сме сведоци и упорно повикува Британија да не ги отвара своите граници. Некои мејнстрим медиуми во Британија шират страв и паника во јавноста, наместо да отпочнат поширока дебата за причините за кризата и како таа да се реши, и што е најважно, како да им се помогне на тие луѓе. Вистината е дека политичарите од некои западни земји, особено од САД и Британија и да сакаат не би можеле помалку да се грижат за човечките права и слободи и нивното присуство на Блискиот Исток очигледно се должи на империјалистички и завојувачки причини, при што потпалуваат и помагаат различни страни за да ги остварат своите интереси.

aj07

Ние сме мала земја, со голем број свои проблеми, но сепак во никој случај не би требало да ја заборавиме човечноста, од најмала причина бидејќи и нашата историја е полна со бегалски кризи, доволно е да се спомнат само два примери:

– Според официјални податоци, како последица на тешкиот живот под османлиско ропство и крвавите задушувања на востанијата, Балканските војни и Првата светска војна, во периодот од 1878 до 1920-те бројот на македонската емиграција во Бугарија изнесувал над 300.000 луѓе.

– Егзодусот на Македонците за време на граѓанската војна во Грција од 1946 година, при што од своите огништа побегнале околу 50.000 луѓе. На ова треба да се додаде и бројот од 18.000 деца прогонети од Грција во 1948 година.

Доволно е да ги земеме само тие два примери од нашата историја и да најдеме трошка разбирање и сочувство за тие луѓе. Доволно е да се потсетиме само на овој споменик:

Spomenik_na_Decata_Begalci_od_Egejska_Makedonija_vo_Skopje_(3)

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено