Постоењето на владата и државата како политичка организација се брани со обезбедувањето на сигурност за сите граѓани, социјална и здравствена грижа, грижа за околината, грижа за патиштата и улиците… Во многу од овие работи таа често се покажува како неефикасна, т.е. просто како апстракција сочинета од група луѓе кои не се грижат за ништо друго освен за сопствените џебови. Луѓето кои безусловно ги поддржуваат владите веројатно си мислат дека без владата не би имало патишта, а не пак кој да се грижи за нив, но дали тоа е навистина така. И покрај историското зголемување на даноците насекаде низ светот, еве пример и од Америка за тоа како владата не се грижи соодветно за инфраструктурата.

5420709_1437852754.3901

Во една населба во Мичиген, луѓето решиле да си ја земат работата во свои раце наместо да седат и да чекаат на владата. Жителите на Хамтрамк, населба во срцето на Детроит, Мичиген, неодамна почнале сами да ги пополнуваат и крпат улиците во населбата. Иницијативата е поведена од волонтери и платена од донации собрани преку веб-страницата “GoFundMe”.

На нивната страница пишува:

Секој кој живее или неодамна минал низ Хамтрамк знае колку на нашите улици им треба поправка. Градот прави сѐ што може за да ги закрпи главните улици и патишта, но за жал нема средства да ги поправи дупките на улиците во населбите. Тука настапуваме ние. Веќе го започнавме нашиот проект со пари од нашите сопствени џебови пополнувајќи дупки на улица во Лампкин, која сега изгледа како улица, а не како површина на месечината. Дали сте изморени од избегнувањето на кратерите по патот? Тогаш размислете за можноста да ни помогнете. Секоја донација која може да ја направите ќе се цени и ќе се употреби единствено за нававување материјали за крпење на улиците.

Целта е да се соберат 5000 долари, и сега за сега добро напредуваат во поправањето на локалните улици, при што во последната акција се собраа заедно над триесет и пет волонтери.

Совршен пример за иста таква ситуација се случил пред неколку години и на хавајскиот остров Кауаи, кадешто обични граѓани бесплатно извеле поправка на пат во вредност од четири милиони долари, и тоа само за осум дена. Кога ќе се роди потреба во заедницата, луѓето вообичаено сами се собираат и се грижат за своите потреби, не треба некој да ги присилува. Треба само да се има граѓанска свест.

Сподели на Facebook
пати видено