Додворувањето и излегувањето се подеднакво чудни каде и да се наоѓате, но на некои мста во светот се малку почудни и понасилни од другите.
Љубовните колиби на племето Зулу
Кога девојката и нејзиниот додворувач ќе навлезат подлабоко во нивната фаза на додоворување, таткото на девојката гради посебна „њубовна колиба“ на неговиот имот. Ноќе девојката и нејзиниот партнер ќе можат да одат таму, наместо во семејниот дом. За време на процесот, таткото практично го игнорира додворувачот, за на крај од својата ќерка да побара идниот зет да му донесе малку стока. Штом ќе ја прими стоката, таткото го признава постоењето на додворувачот и двојката може да се венча.
Додворувачки фестивал на племето Водаабе
Кај африканското племе Водаабе, мажите се тие кои се изложуваат како на продажба. Водаабе мажите ја ценат убавината и минуваат цели денови во дотерување со цел да им изгледаат привлечни на жените.
За време на годишниот фестивал на додворување наречен „Геревол“ тоа дотерување оди уште подалеку. Исто така, тие учествуваат во натпреварување во танц наречен „Јааке“. За време на целиот фестивал, жените едноставно си шетаат опуштено, ги гледаат мажите, и си ги одбираат своите идни додворувачи.
Грабање жени во Киргизстан
Ако сте маж во Киргизстан и здогледате жена која ви се допаѓа, едноставно ја киднапирате и ја присилувате да се омажи за вас. Тоа е стара традиција, потисната за време на комунизмот, но со паѓањето на железната завеса полека се враќа во актуелност. Според Вајс, половината бракови во некои краишта на земјата се склучени по пат на киднапирање. Често мажот се познава со девојката која ја грабнува, но има случаи и кога не е така.
Колиби за додворување во Камбоџа
Во Камбоџа татковците градат мали колиби за нивните ќерки тинејџерки, за да можат да истражуваат повеќе партнери, од социјална и сексуална гледна точка. Ова се прави за девојката да може да ја најде својата вистинска љубов.
Многу напредни овие Камбоџанците.
„Девојките-посетителки“ на народот Даи
Народот Даи во Кина има додворувачки ритуал наречен „девојки посетителки“. Младите жени се собираат околу оган и ги вртат своите вители, додека група мажи во црвени ќебиња свират на инструменти и им приоѓаат. Секој маж одбира жена и ѝ пее серенади. Ако на девојката ѝ се допаѓа момчето, таа ќе му намести столче, а тој го става своето црвено ќебе околу неа.
Стружење на заби во Бали
Кога хиндуистичките девојки и момчиња во Бали ќе навлезат во пубертет, тие имаат ритуал со стружење на заби. За време на оваа сложена церемонија, нивните горни очници се стружат додека да се направат како нивните секачи. Оваа крајно болна практика се изведува за младите луѓе да се ослободат од злите тенденции и да се подготват за брак.
Потење под пазуви во рурална Австрија од 19. век
Во селските области во Австрија во 19. век момите за мажење ќе ставеле резанки од јаболко под пазувите и ќе танцувале додека да се испотат. Потоа тие им ги давале натопените во пот парчиња јаболко на нивните партнери. Е сега е она интересното – партнерот требало да го изеде јаболкото бидејќи „сакале да бидат изложени на личнат сескуален мирис на нивната сакана“. Како не бе, сакале!
Ирските чергари крадат бакнежи
На девојките од народот наречен Ирски Чергари (Irish Travellers) не им е дозволено да се забавуваат, па ако момчето сака внимание од девојката, тој буквално мора да ја грабне девојката и да ѝ украде бакнеж. Оваа традиција и се нарекува така – грабање.
Купување состанок или брак во Тајланд
Во тајландската провинција Чианг Раи можете да си купите невеста. Момчето ѝ пристапува на девојката и започнува да флертува со неа. Ако ѝ се допадне, тие ќе излезат на состанок. Потоа ќе појдат кај неа дома, кадешто мажот преговара со нејзината мајка за цената и должината времето кое таа би можела да го помине со него. Но, ако девојката многу му се допадне на момчето, тоа може и да ја купи за невеста.
Фински ножови
До деветнаесеттиот век, кога девојките во Финска ќе стасале за мажење, нивните татковци им ставале празни футроли за нож во нивите појаси. Кога на момчето ќе му се допаднела некоја девојка, тој едноставно ќе го ставел својот нож во нејзината празна футрола. Ако девојката му го вратела ножот на додворувачот, тоа значело дека не е заинтересирана, но ако го задржела,тоа значело дека се согласува да се омажи за него.