Ете, сега зборовите како „банана“, и „краставица“ си добија и буквално значење во сексуалниот живот. Тајванскиот дизајнер Гуан-Хао Пан видл проблем на пазарот со кондоми кој го решил со – овошје и зеленчук.
„Истражувањата покажуваат дека повеќе од 60 отсто од корисниците одбираат погрешна големина додека купуваат кондоми“, истакнува Пан. „Кондомот станува многу понеефикасенкога не е со соодветна големина“.
Што смислил Тајванецот: Едноставно стиснете ја тубичката и присетете се како изгледа кога го стискате вашиот алат. Се совпаѓа? Си го најдовте точниот кондом!!! Е сега, престанете со стискањето пред луѓето да почнат да зјапаат во вас.
Доаѓаат со пет различни дебелини: краставица, морков, банана, репа и тиквичка.
Со кондомите „Љубовен водич“, ќе можете да одберете соодветен кондом, рз основа на соодветното овошје или зеленчук.
Исто така се планира и продажба во автомати, за да не мора со друго човечко суштество да споделите дека имате пенис тенок како морков.
„Кој, јас? Не бре, само земам малку краставици за салата.“