Среде Сириската криза, Исланд неодамна објави дека е подготвен да помогне со растечката хуманитарна катастрофа обезбедувајќи засолниште за извесен број бегалци од Сирија, попрецизно кажано – до педесет луѓе.

Во земјата населена од 330.000 луѓе, таквата понуда не била примена како особено великодушна и сочувствителна, особено со оглед на тоа што девет милиони Сиријци избегале од своите домови по избувнувањето на граѓанската војна во март, 2011.

Во одговор на владината безначајна понуда, 10.000 жители на Исланд сториле нешто восхитувачко: истапиле да ја пополнат хуманата празнина на нивната држава и на сиријските бегалци им ги понудиле своите домови, организирајќи се преку Фејсбук страницата „Сирија повикува“.

is01

Оваа неверојатна иницијатива била поведена од молбата на познат исландски писател, кој инспирирал илјадници да ги понудат своите домови „и тие самите да бидат промената“.

Како што пренесува Исландик Ривју Онлајн, еве неколку од понудите кои ја преплавиле страницата во период од 24 часа.“

Ќе ми претставува среќа да се грижам за децата, да ги носам во градинка, училиште и каде и да треба. Можам да готвам за луѓето и да им покажувам пријателство и топлина. Можам да платам за авионски билети за едно мало семејство. Можам да придонесам со својата експертиза и да им помагам на бремените жени со грижа и нега пред да се породат.“

Имам екстра соба во просторен стан кој сум повеќе од среќен да го споделам, заедно со моето време и севкупната поддршка.

is02

Јас сум самохрана мајка со шестгодишен син…Ние би можеле да згрижиме дете на кое му е потребно тоа. Јас сум учителка и би го учела детето да зборува, чита и пишува исландски и да се прилагоди на исландското општество. Имаме облека, кревет, играчки и сѐ што му е потребно на едно дете. Се разбира, можам да платам и за авионски билет.

Како што известува агенцијата Франс-Прес, преку интернет биле пренесени голем број на вакви сочувствителни понуди од повеќе љубезни семејства и поединци од Исланд. Постојат различни гледишта и критики за и против ваквата постапка, но тие кои ги понудиле своите домови очигледно се чувствуваат среќни и задоволни, сметајќи дека барем учествуваат во позитивна промена и согласно со хуманистичките начела.

Како одговор на граѓанскиот активизам на граѓаните, исландската влада изјавува дека ќе размисли за зголемување на бројот на бегалци од Сирија кои би можела да ги прими. „Верувам дека има солидарна согласност дека би требало да сториме повеќе во одговор на проблемот, само треба да најдеме најдобар начин како да го сториме тоа“, изјавил исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон.

 

Сподели на Facebook
пати видено