Пред дваесет години, Сунита Дуанвар претрпела пет месеци на незамислива суровост во рацете на трговци со бело робје кои ја терале да спие со до триесет мажи дневно. Имала само чтиринаесет години и била намамена во Индија со ветување за редовна и нормална работа, но наместо тоа била заклучена во мала просторија со решетки на прозорецот, тепана од нејзините „муштерии“, па дури и будена од сон за нејзините „сопственици“ да ја присилуваат на секс.
Таа била една од среќните кои успеале да избегаат, и решила да го посвети својот живот да се обиде да спречи и други девојчиња да ги снајде истата судбина, измамени од исти ветувања. Но, по земјотресот во Непал, проблемот станал уште потежок бидејќи трговците со бело робје ги демнат очајните семејства кои останале без ништо по природната катастрфа која уништи големи региони од земјата.
Сунита била исто толку очајна колку о многу од овие млади жени кога била продадена во секс индустријата од безмилосни трговци со робје во Мумбаи. Додека многу деца на нејзина возраст се на училиште, таа била заклучена во соба и присилена да работи како дете-проститутка.
„За време на петте месеци бев терана да опслужувам до триесет муштерии дневно, седум дена во неделата и педесет муштерии дневно на државни празници и свечености, и некои дури и ме тепаа“, раскажува таа за МејлОнлајн.
„Дури и кога ќе заспиев, тие ме будеа ако некој муштерија сакаше секс. Не ми дозволуваа да излезам од куќата и живеев во соба која имаше решетки на прозорците и цело време ме надгледуваа. Дури и локалните полицајци беа поткупени да замижуваат со едното око за тоа што ми се случува на мене и на другите девојчиња во куќата.“
Сунита имала среќа; еден будистички свештеник дознал за неа и ја спасил од нејзиниот затвор, на крај помагајќи ѝ да ја мине границата и да се врати во Непал, кај своето семејство.
Како 36-годишна млада жена, таа сега е решена да спасува девојчиња од искористувачите, управувајќи си Шакти Самуха, добротворна организација чијшто персонал главно се состои од жени кои исто така биле продавани и спасени од индиските бордели.