Научник од НАСА сугерира дека живееме во холограм создаден од напреднат вонземјански вид. Што ако сѐ што сте направиле или ќе направите е едноставно производ на високо напреднат компјутерски код: Секоја врска, секое чувство, секое сеќавање можеби е генерирано од суперкомпјутери.

Оваа интригантна теорија е предложена од Ник Бостром, професор на Философскиот факултет при Оксфордскиот универзитет и основач и директор на институтот Иднина за човештвоо како и на Програмата за Влијанието на идната технологија. Има неколку научници кои ја прифаќаат оваа теорија, како на пример Рич Терил, директор на Центарот за еволутивна компјутерска технологија и автоматизиран дизајн при НАДА, кој вели дека нашиот создател е всушност космички компјутерски програмер.

m01

ОВа би значело дека живееме во холографски свет и сѐ околу нас, вклучувајќи нѐ и нас самите, не е „реално“. Рич Терил е препознатлив по оваа своја изјава: „Токму во овој момент, најбрзите суперкомпјутери на НАСА работат со двојно поголема брзина од човекиот мозок. Ако направите едноставна пресметка со Муровиот закон, кој вели дека моќта на компјутерите се удвојува на секои две години, ќе увидите дека овие суперкомпјутери во рамките на една деценија ќе ја имаат способноста да симулираат цел еден човечки животен век од осумдесет години, вклучувајќи ја и секоја мисла која ја има човекот за време на тој животен век.“

Во квантната механика честичките немаат дефинирана состејба освен ако не се набљудувани. Многу теоретичари минале многу време обидувајќи се како да го објаснат овој концепт. Едно од можните објаснувања би биле дека живееме во симулација, гледајќи го тоа што треба да го видиме и кога треба да го видиме.

m02

Идејата дека нашиот универзум е фикција генерирана од компјутерски код решава многу непостојаности и мистерии за космосот, како на пример нашата потрага по живот надвор од Земјата и мистеријата на темната материја. Но, некои и ја оспоруваат оваа Матрикс теорија, велејќи дека сето тоа е засновано врз претпоставка дека „супер умови“ би го правеле сето она што и ние би им го правеле на нив“, т.е. им се припишуваат човечки особини на ист начин на кој во религискиот концепт нашите особини им се припишуваат на натприродни појави, божества и сл. како што истакнува проф. Питер Миликан, кој предава философија и компјутерски науки при Оксфордскиот универзитет.

„Ако мислат дека светот е симулација, тгаш сошто мислат дека тие супер умови – кои се надвор од симулацијата – би се ограничиле на истите мисли и методи на кои сме ограничени и ние?“

Но, професорот Миликан сепак смета дека вреди да се испита оваа идеја.

m03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено