Одвојте една секунда и замислете се себеси како дете кое слободно трча наоколу. Обидете се да се замислите колку што можете порано во детството – во времето кога за првпат сте можеле да ги разберете повратните пораки од родителите, учителите или какви и да било други авторитети околу вас.

Кога се земаат предвид причините за ниската самодоверба, најочигледните одговори лежат во злоставувања од минатото или неуспеси. На пример, можеби родителот постојано барал чисти петки или брачниот партнер бил емоционален злоставувач. Ова се вообичаените форми на лошо третирање кои причинуваат самодовербата на некои луѓе да потоне на дното. Но, за тие кои живееле релативно лесни животи, опкружени со разумни луѓе кои ги поддржувале, ниската самодоверба нема очигледен корен. Уште полошо е тоа што кога имате проблем кој не го разбирате може да нѐ направи слаби и дефектни, бидејќи се чини дека проблемот се јавил без некоја причина.

est

Па така, ако страдате од ниска самодоверба, било тоа да е често или во определени ситуации, истражувачите откриле една малку изненадувачка врска која може да ви го олесни проблемот.

Малку познатата причина за ниската самодоверба.

Можеби си мислите дека г-н Фројд бил апсолутен ќутук.И не ве обвиуваме. Но тој има право за нешто, и токму тоа е тоа што ни се случува додека детството нѐ обликува.

Истражувачите во Холандија откриле дека родителите кои ги фалат своите деца за нивните вродени квалитети можеби на тој начин им причинваат повеќе штета отколку полза. Според студијата, родителите треба да ги фалат и наградуваат децата за нивниот вложен труд и напорна работа.

Која е разликата? Речиси е тешко да се направи разлика помеѓу мајката која извикува „Ох, ти толку добро читаш!“ и другата која вели, „Ох, ти толку напорно си работел на задачата за читање!“, но, некои сметаат дека разликата е значителна.

Децата кои биле фалени за тоа дека „се“ нешто чувствувале чуден притисок кој децата кои биле фалени за нивното однесување не го чувствувале. Имено, кога ќе доживеат неуспех, децата фалени за нивниот талент го поврзувале тоа со нвните вродени квалитети, наместо да го поврзат со количеството напор и труд кој го вложиле.

Како што можете да си замислите, поврзувањето на неуспесите со вродените мани наместо со недоволното трудење може да наштети на претставата за себе на детето, која е лесно подложна на влијанија од надвор. Одеднаш „не учам доволно“ станува „јас сум глупав“, „ми треба повеќе вежбање во сликањето“ станува „не ме бива за сликање“. Ниската вредност паѓа врз личноста, наместо врз преземеното дејствие.

Со други зборови кажано, ваквиот вид на фалење ги условва децата да мислат дека тие веќе треба да се нешто без вежбање или обиди и грешки. Откако со овој ирационален стандард ќе неуспеат неколку порази, самодовербата бргу паѓа. За жал, истражувачите откриле дека родителите почесто ги фалат децата со ниска самодоверба за нивните вродени квалитети, мислејќи дека тоа ќе им помогне, ќе им биде толку потребното охрабрување и поттик. И така се стигнува до маѓепсан круг.

Има повеќе теории за тоа од каде доаѓа вродениот талент, и дали е толку важен, но општо позната е поговорката дека успехот се состои од 1 отсто талент и 99 отсто работа. Затоа е и многу важно да не им се втиснува на децата какви се тие или какви не се, туку да се поттикнуваат и да им се остави простор да станат нешто, преку напорна работа.

Сподели на Facebook
пати видено