Во Берово живеело семејство кое одгледувало ноеви. Мажот не знаел нути да чита ниту да пишува, но бил број еден во одгледувањето на ноеви. Живееле добро, но жената била незадоволна:
„Сите мои пријателки купуваат во Скопје, затоа што продавниците тука се катастрофа. Сакам да се преселиме во Скопје“.
Мажот и рекол:
„И што да правиме во Скопје, јас можам само и единствено да одгледувам ноеви?“
Ама нели љубовта е слепа, па се преселиле во Скопје.
Во Скопје мажот отишол на интервју за работа како заварувач, бидејќи друга работа не успеал да најде. Му дале формулар да го пополни, но тој рекол дека е неписмен и дека не може. Му одговориле дека тогаш не може да го земат за заварувач и семејството се вратило назад во Берово.
Поминало некое време и на одгледувачот на ноеви му понудиле работа на голема фарма за ноеви во Америка.
Се преселиле, ново работно место, нови правила, процент од добивката за одгледувачот при одреден прираст на ноевите над дефинираниот број, абе одгледувачот станал милионер.
Жената одела постојано на шопинг во Њујорк со новите пријателки, но по некое време пак станала незадоволна.
„Шопинг со пријателки, но тие плаќаат со кредитни картички, а само јас морам вадам пари во кеш и се чувствувам непријатно. Толку ли не можеш да пополниш еден формулар во банка, па и јас да можам да пазарувам како останатите?“
Мажот и одговорил:
„Ако можев да пополнам формулар, сега ќе бев заварувач во Скопје“.