Мажите и жените воопшто не се разликуваат и имааат многу заеднички нешта, на крајот и двата пола се луѓе. Но, во секојдневието има ситуации кога осознаваме двата пола сепак понекогаш размислуваат на два сосема различни начини. Еве 12 такви нешта:

man and woman faces vector profiles

Прекари

– Кога Марија, Кате и Сара ќе излезат на ручек, тие помеѓу себе се нарекуваат Марија, Кате и Сара.

– Кога Сашо, Васил и Зоран ќе излезат заедно, тие се нарекуваат Дебели, Ѕвер и Четворооки.

Сметката

– Кога ќе пристигне сметката, Сашо, Васил и Зоран сите ќе извадат по 200 денари, иако сметката изнесува 320 денари. Никој од нив нема да сака да плати помалку од другите, и никој нема да признае дека сака да му се врати остатокот од парите.

– Кога девојките ќе ја добијат својата сметка, тие ги вадат џебните калкулатори.

Пари

– За нешто што чини сто денари, ако му треба, мажот ќе плати двеста денари.

– Жената ќе плати сто денари за предмет од двеста денари кој не ѝ треба, но е на распродажба.

Бањата

– Човекот иа шест нешта во бањата: четкичка за заби, паста, пена за бричење, жилет, сапун и крпа.

– Просечниот број на предмети во типичната женска бања изнесува 337. Мажот не би можел да идентификува повеќе од 20 од нив.

Расправија

– Жената го има последниот збор во секоја расправија.

– Сѐ што ќе каже мажот после тоа е почеток на нова расправија.

Иднината

– Жената се грижи за својата иднина додека да се омажи.

– Мажот нема никакви грижи за иднината, сѐ додека не се ожени.

Успех

– Успешен маж е оној кој заработува повеќе пари отколку што неговата жена би можела да потроши.

– Успешна жена е онаа жена која би можела да најде таков маж.

Брак

– Жената се мажи очекувајќи дека тој ќе се промени, но тој не го прави тоа.

– Мажит се жени очекувајќи дека таа никогаш нема да се промени, но таа се менува.

Дотерување

– Жената се дотерува кога оди продавница, кога ги наводнува растенијата, кога го фрла ѓубрето, кога се јавува на телефон, кога чита книга и кога прима пошта.

– Мажот се дотерува за свадба и за погреб.

Природно

– Мажот се буди таков каков што си легнал.

– Женскиот изглед некако се влошува за време на ноќта.

Потомство

– Ах, деца…Жената знае сѐ за децата. Таа знае за термините назабар, симпатиите, најдобрите пријатели, омилената храна, скриените стравови, надежи и сништа.

– Мажот знае дека некакви мали човечиња му живеат во неговата куќа.

Мисла на денот

Женетиот човек треба да си ги заборава своите грешки. Нема смисла двајца луѓе да помнат иста работа!

Сподели на Facebook
пати видено