Петок. Пријатна вечер. Тивка музика… Пригушена светлина од телевизорот… Нејзиниот мирисот му делува опијанувачки…
Ја сакаше! СЕГА!! Во овој момент!!!
Тој ги протегна треперливите раце и нежно го прегрна нејзиното испотено тело. Почувствува возбудувачка топлина како поминува низ него како струја. Не издржа повеќе…
Ја приближи главата до неа и вдиша од чудесната арома на овошје…
Усните му се споија жедно со нејзините… ги подзатвори очите – беше во рајот!
Во тој момент се слушна некаков шум од другата соба и моќен глас ја потресе целата куќа:
– Еј! Како не ти здосади да ја држиш таа чашка по цел ден! Пијаница мрсен! Доаѓај овде да вечераме оти манџата се олади!
„Молчи мори чумо!!!“ – помисли тој.