Џорџ Вашингтон, Црнобрадиот, Распутин… ова се само некои од историските личности кои и покрај бројните обиди, нивните атентатори никако не успевале да ги убијат.
1. Џорџ Вашингтон
Човеков практично бил отпорен на куршуми. Во текот на една битка два коња биле застрелани под него и четири куршуми се заглавиле во неговиот капут при крајот на борбата. За време на битката кај Принстон, Вашингтон на своите трупи им наредил да стрелаат триесеттина метри подалеку, бидејќи тој се наоѓал на самата линија на огнот. Кога се расчистил чадот, тој сѐ уште се наоѓал на својот коњ, без ниедна гребнатина на него.
2. Телото на Црнобрадиот кршело мечеви
Откако му здосадило до пиратството, човекот кој ги тероризирал морињата решил да се пензионира во Северна Каролина. Гувернерот на Вирџинија имал некаков проблем со Црнобрадиот, па така на чело со Роберт Мејнард испратил два брода со полн екипаж да го најдат и убијат Црнобрадиот. Да се каже дека тоа не одело толку лесно е премалку.
Црнобрадиот исфрлил куп гранати на палубата на бродот на Мајнард, се закачил за него и почнал да коле сѐ што мрдало. За малку ќе му ги отсечел прстите на Мејнард за време на борбата, а кога Мејнард го прободел во грбот, неговиот меч се скршил во градите на Црнобрадиот. Озлогласениот пират бил застрелан најмалку пет пати и претрпел дваесеттина прободни рани. Мејнард ја искористил приликата кога тој го полнел својот пиштол, за најпосле да му ја отсече главата и да ја закачи за јарболот на неговиот брод.
3. Распутин бил боден, застрелуван, претепуван – и не сакал и не сакал да умре
Мистикот кој живеел кај царот Николај II, бил најпосле убиен откако преживеал прободни рани, отров, бил застрелан вкупно четири пати, тепан со палки, завиткан во ќебе и фрлен во мраз студена река. Ниедна од раните не успеала да го лиши од животот – смрзнувањето било тоа што го докрајчило, но и тука не се предавал. Имено, распутин се обидел со помош на своите нокти да се ослободи од ќебето.
4. Само Пабло Ескобар можел да го убие Пабло Ескобар
Лидерот на нарко-картелот за кој во списанието Форбс во 1989 се претпоставуваше дека тежи 25 милиони долари, не само што бил супер богат, туку бил и супер терорист. Разнел комерцијален авион за да убие човек за кој на крајот се испоставило дека воопшто и не се наоѓал на авионот. Бомбардирал владина зграда во Богота, во текот на коешто разурнал цели области од градот. Дури наредил атентат врз колумбискиот претседателски кандидат. Пред да се формира специјален тим кој ќе му го најде крајот, тој успеал да убие околу 4000 луѓе.
Морнаричките Фоки заедно со одмаздничката група позната како Лос Пепес заедно го гонеле Ескобар по покриви, при што испукале илјадници куршуми на него, сѐ додека Пабло, на кого му се смачило од сите тие пукотници, не решил да се застрела себеси в глава.
5. Роберт Кејн убива тенкови
Откако неговиот пиштол за време на една битка во Втората светска војна, му експлодриал в раце и го ослепел на едноото око, Роберт Кејн зел базука и разнел шест германски тенкови и уништил тони самоодна артилерија, „Бидејќи, зошто да не бидеш ѕвер кога толку лесно го можеш тоа?“ (Неофицијален цитат на Роберт Кејн)
6. Лав Троцки
Лав Троцки, десната рака на Ленин, бил прогонет во Мексико откако Сталин дошол на валст. Сталин нарачал Троцки да биде убиен, при што атентаторот забил секира во главата на Троцки. И покрај тоа, Троцки не умрел. Станал, го грабнал атентаторот и со сѐ уште забиена секира во неговата глава, успеал да го совлада додека да дојде помош. Троцки умрел следниот ден во болница, како последица на „компликации“.
7. Нед Кели – австралискиот одметник со железен оклоп
Кели и неговата банда биле одговорни за две големи ограбувања на банки, и убиство на тројца полицајци, кои ги убил додека бегал при обидот да го уапсат за убиство. Кога полицајците го опколиле, тој се покрил себеси со железен оклоп, но заборавил да си ги покрие нозете и меѓуножјето.
Полицијата ја испоубила целата негова банда, но Кели преживеал за да се соочи со судот, кадешто бил осуден на смрт. Кога ја напуштал судницата, Кели на судијата му кажал: „Ќе се видиме таму кога ќе заминам“. Неколку недели потоа, судијата умрел, при што Нед докажал дека не само што бил тврд орев, туку можел да убива луѓе и од гроб.
8. Габриел Гарсија Морено бил исечен на парчиња и пак не се предавал
Мореро бил претседател на Еквадор во 19-от век, кој толку многу го сакал католицизмот, што им забранил на сите некатолици да држат јавна функција или да имаат право на глас. Не сите биле среќни поради тоа, па група атентатори го нападнала со мачети, отсекувајќи му ја левата рака и десната дланка. Но Морено во стилот „Тоа ли е сѐ што можете“, храбро се исправил пред овие луѓе. Потоа му стрелале шест пати во градите, и сечен уште неколку пати, за најпосле да падне на земјата. Со сопствената крв на земјата напишал „Бог не умира“. Има ли нешто помоќно од ова?
9. Фердинанд Магелан воопшто не го засегаат копјата во неговото лице
Од славниот португалски истражувач било побарано да убие еден човек по име Лапу Лапу, кој се погодило да биде непријател на два филипински кралеви со кои Магелан бил близок. Магелан, кој веројатно бил човек од типот „јавај или умри“, веројатно рекол, „Ајде, каде живее тој?“
Но, Лапу Лапу изгледа знаел за доаѓањето на Магелан и подготвил армија да го пречека. Магелан веднаш бил погоден со отровна стреличка, но не му било грижа. Наредил напад врз Лапу Лапу, за веднаш потоа да му забијат копје во лице, но тој и на тоа не обрнал внимание, туку го прободел својот напаѓач со копје, и го извлекол својот меч за да продолжи да се бори. Околу него се насобрала толпа решена да го претепа до смрт. Магелан им наредил на своите луѓе да се вратат во чамците, и не престанувал да се бори сѐ додека тие не се повлекле на безбедна далечина.
10. Хенри Паџет останува без нога, но во типичен британски стил
За време на битката кај Ватерло, на Хенри Паџет топовско ѓуле му ја откинало ногата. Имено, кога тоа се случило, еве како изгледала неговата реакција:
Паџет: „Жими Бога, сер, ја изгубив ногата.“
Велингтон: „Жими Бога, сер, навистина ја изгубивте.“
Му ја ампутирале ногата и Паџет се вратил на бојното поле, по што бил унапреден во генерал.
11. Ларсена Пејџ 12 дена ползела по планини
Киднапирана од Апачи индијанци, Пејџ не можела да држи чекор со нив бидејќи се опоравувала од маларија (што во тоа време практично било смртна казна). Откако им се смачило да ја влечат наоколу, тие ја претепале, избоделе и каменувале, по што ја оставиле во пустина мислејќи ја за мртва.
Но, таа преживеала и успеала да се довлечка до својот спас, ползејќи цели 12 дена и хранејќи се со семиња од растенија и јадејќи снег.
12. Маркус Сергиус останува без рака, и продолжува да се бори
Опасниот Римјанин Маркус Сергиус бил ранет 23 пати во битка, а на крајот останал и без рака. Но, тоа не го запрело и продолжил да се бори со левата рака. Пак бил ранет, но тој наредил да му стават вештачка дланка на десната рака со која продолжил да се бори уште малку. И да, двапати успеал да избега од затвор, и покрај тоа што бил окован.
13. Лахиман Гурунг со една рака се борел со двеста војници – буквално!
Како војник во Британско-индиската армија за време на Втората светска војна, Гурунг се нашол во ров опколен од јапонски трупи. Тие продолжувале да го маваат со гранати, кои овој ги ловел и им ги фрлал назад. Една од нив ми експлодирала во рака. Гурунг ја зграбил својата пушка и продолжил да тепа еден по еден од непријателските војници во траење од цели четири часа. Кога помошта најпосле пристигнала, го нашле Гурунг опкружен со 31 загинати непријателски војници. Гурунг се жалел на тоа што муви му ја лазеле откинатата рака.