Оваа фасцинантна сторија ни доаѓа од Еди, 29 години, и Енџи, 26 години, од Феникс, коишто посакале нивните презимиња сега за сега да останат непознати, од очигледни причини. Неодамна, додека ја реновирале кујната, тие нашле нешто што се наоѓа еднаш во животот. Енџи ја споделува приказната за тајниот сеф:
Од каде да почнам…Пред две години се преселивме во нашииот нов дом на кој му требаа многу поправки и најпосле ни се укажа можност да ја реновираме и кујната.Еди е доволно вешт, што ни заштеди извесна сума пари.
За време на демолирањето, најдовме еден сеф на подот – сефот се покажа кога растуривме кујнската работна маса. Колку што ми е познато, нашата куќа имала шест претходни сопственици, што ни навести дека сефот не им припаѓал на последните сопственици коишто, како што се чини, најмногу ги сакале мачките и пушењето.
Кога првпат се вселивме, најдовме некаква шифра за сеф во шкафче за лекови, но никаде не забележавме сеф. Јас сепак ја зачував шифрата, за секој случај. Сефот изгледа како да е стар 10-20 години. По неколку обиди да го отвориме, најпосле успеавме!
Гледавме со неверување. Времето како да застана. Јас посегнав по сефот, а Еди се развика, „Чекај, можеби е стапица!“ Се уште се смеам на тоа.
Се чинеше како внатре да има 50.000 долари. повеќето од нив се по банкноти од 100 долари. Кога ги изброивме, излезе дека се 51.080 долари!
Има и шише со Цејмс Е Пепер. Време за Википедија!!! Џејмс Е. Пепер се смета за пронаоѓачот на „Old Fashioned”.
Печатот сѐ уште не е скршен. Марката е од 1960 година. Моето истражување покажува дека овој бурбон е навистина редок. А ние сакаме бурбон, и тоа многу.
Книгата беше поголема мистерија, и се уште е. „Водич за збунети“ од Е.Ф. Шумахер, објавена во 1977 година.
Страница 1 – фотографија на навистина згоден човек кој личи на Грегори Пек.
Јас не сум ловец по скриени богатства, но страниците 1, 7, 11 и 14 содржат нешто што се чини како серија значајни клучеви за решавање на загатката.
На задниот дел од фотографијата има порака која гласи:
Алан,
Имам книга којашто мора да ја прочиташ. Потцртав неколку клучни пасажи.
Твојот пријател,
Винсент
Страница 7 – ова не е картичка за книга. Повеќе личи на некаква стара училишна картичка со државата Аризона на неа. Ние живееме во Феникс, и над Меса, Аризона има знакче Х. Заборавивме да ја сликаме предната страна, но тоа е приказ на државата Аризона обележена со зелено помеѓу другите „планински држави“.
Потцртаниот пасаж од поглавјето наречено, „За философските мапи“ гласи:
„Еден од начините светот да се согледа во целина е преку употребата на карта, т.е., еден вид план или нацрт кој покажува каде би можеле да се најдат најразлични нешта.“
Страница 11 – Слика на куќа или некаков стар имот и под него реченицата „Овде вроди со толку плодни резултати.“
На задната страница стои – „Кадешто едно дрво станува три – Претпоставувам дека ова се однесува на дрвото од левата страна.
Можеби има некој кој лесно би можел да го препознае ова место,но јас сум љубопитна за она дрво со трите крошни!
Страница 14 – „Повеќето современи читатели не би поверувале дека совшената среќа може да се постигне со методи за кои нивниот современ свет не знае ништо.“
Потоа и оваа бинго картичка – Човек само би можел да шпекулира за неа. Еди истакна дека нашиот сеф има шифра од три цифри. Можеби тоа е шифрата и за другиот сеф, но можеби и навистина сакал да игра бинго?
Се уште не сме решиле што да правиме со парите. Ако Алан е се уште жив, тоа на крајот на краиштата значи дека тие биле наменети за него.
Но дефинитивно ќе го задржиме бурбонот!
Кликете на следната страната за да го видите вториот дел од приказната.