Еден поглед кон тоа што можат да направат овие мајка и ќерка и веднаш знаете дека уметнички талент тече во крвта на ова семејство. Овој семеен тим од Австралија создава допадливи дизајни за домашни украси. Четиригодишната Амелија ги создава дизајните со чкртање. Потоа нејзината мајка Ли, дизајнер по вокација, ги уредува дизајнерските нацрти на Амелија во текстилни обрасци. Заедно тие изработуваат украси за перници, ќебиња, облека итн.
Овој цртеж на пиано исто така изгледа впечатливо како апстрактен образец.
„Можеби сум пристрасна“, објаснила ли во една прилика „но од секогаш сум знаела дека во неа има уметничка искра.“
Амелија е плоден уметник и, како што прават и сите мајки, Амелија сакала да го зачува секој цртеж. Наскоро почнало да ѝ снемува простор и морала да смисли нов начин да ги зачува делата на нејзината ќерка. На крајот решила да ги претвори цртежите во обрасци преку дигитална манипулација.
„Се обидувам да ја зачувам оригиналноста на цртежите на Амелија колку што е можно повеќе, како на пример во потезите и изборот на боја,“ вели таа. Ли преуредува некои елементи, ќе додаде повеќе боја и ја преработува оригиналната композиција. Ја трансформира во образец кој може да се повторува врз дадена површина, како на пример текстил. А и Амелија мисли дека тоа е супер.
Принцезите на Амелија преработени во текстилен образец
Овие сончогледи се совршени за летен фустан.
Овој образец поприма смирувачки тон кога ќе се преобрази во спокојно сино.
Понекогаш два цртежи на Амелија се комбинираат во еден за да се создаде нов дизајн.
Инспирирано од Велигденски јајца, ова би било совршена украсна хартија!
Нивниот сон е да основаат своја дизајнерска компанија кадешто нивните дизајни ќе бидат употребувани за изработка на детска облека и куќни украси. Марката „Родена да создава“ е сѐ уште во тек на создавање, но нивните креации ги очекуваме наскоро!