Не е дека нешто се тешиме, но и низ целиот свет има по некој дипломиран студент, кој не успева да најде работа според завршеното образование за коешто вложил време, труд и пари.
Имено, Стефани Ритер, дипломирана студентка од државниот универзитет на Флорида била толку исфрустрирана од ситуацијата то решила да ја стави својата диплома на продажба на Ибеј за 50.000 долари, велејќи дека таа сѐ уште должи 40.000 долари, а не може да најде пристојна работа ни да го врати долгот, а не пак да си обезбеди пристоен живот. Интересно е тоа што Ритер на купувачот на дипломата му нуди можност и да фрли поглед врз факултетскиот начин на живот.
Еве го нејзииот оглас:
СЕ ПРОДАВА: Автентично искуство од Државниот Универзитет на Флорида (потврдено со диплома). ЧИСТО НОВА.
Никогаш не била употребена за добивање работа.
ЦЕЛОСНО ИСКУСТВО ОД ФЛОРИДА, коешто резултираше со стекнување диплома по театарска уметност на Државниот Универзитет на Флорида.**
**АКО ЈА КУПИТЕ СЕГА СО ОПЦИЈАТА „КУПИ СЕГА“, ДОБИВАТЕ ЦЕЛОСНО ИСКУСТВО ОД ФЛОРИДА**
и, по барање на Тимоти Сименс, сега има можност ~*бесплатна достава*~ЦЕЛОСНОТО ИСКУСТВО ОД ФЛОРИДА ВКЛУЧУВА:
ТУРНЕЈА државниот универзитет на Флорида, секаде каде што би оделе/јаделе/се забавувале во текот на четирите години студирање. (Веројатно вклучува, но и не е ограничено со: Сувејни Хол, Мис Килингс, Џими Џонс, Мистер Робото, вечера кај Кул Бинз, хамбургери и пива кај Монкс и пијачки кај Пур Полс).
Пристап до сите моите факултетски спомени/Фејсбук албуми за шест месеци! (пристап до сите спомени споделени по телефон или преку текст порака во периодот од 10-7 од недела до четврток, за да можете да ги споделите со некого моите автентични спомени директно од мојот мозок во нивните уши.
Претстава (на мој трошок) во Театарскатаа школа при ДСФ (премиера, ако тоа го дозволува времето!) Ќе изнајмам автомобил и ќе ви ја покажам најдобрата глетка кон конгресната зграда (кадешто најмногу личи на пенис).
Прошетка низ театарот кадешто играв во „Како научив да возам“. Возење низ местата кадешто добивав казни за брзо возење за да стигнам од час до час.
Многу брза турнеја до моите поранешни дилери на дрога/инструктори по јога, за да не предизвикуваме премногу сомневање.
**ТУРНЕЈА НИЗ СИТЕ МОИ ОМИЛЕНИ ПАБЛИКС МАРКЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И СЛАДОК ЧАЈ НА СЕКОЈА ЛОКАЦИЈА!!**
Прошетка низ сите канти во кои мојот бивш скришно повраќаше на нашиот пат кон разни астани.
Ако дозволува времето, автентична рагби или безбор игра на ДСФ!
Ритер во моментот е вработена како личен асистент во Лос Анџелес, работа за која нејзината диплома по драмска уметност воопшто не ѝ била потребна.