Во јули годинава, Кафе Арт, иницијатива од Англија којашто на бездомниците им овозможува да се изразат себеси преку уметноста и фотографијата, им поделиле 100 Фуџифилм камери на бездомниците во Лондон. Им било обезбедена основна обука од страна на Кралското фотографско општество, а потоа од нив било побарано да сликаат фотографии на тема „Мојот Лондон.“
Од стоте камери, осумдесет биле вратени и биле развиени 2500 фотографии. Членовите на жирито составено од претставници од Фуџифилм, Аматер Фотограф, Лондон Фото Фестивал, Кристис и Хомлес Линк ги избрале најдобрите дваесет фотографии. Некои од овие фотографии ќе бидат избрани за изработка на календар за 2016.
„Сите заработни пари пак се враќаат во проектот“, велат од Кафе Арт, „било за да се плати за печатењето за фотографиите и календарот, наградите за победниците, купување на материјали за уметниците бездомници или да им се помогне на поедицни да посетуваат курсови по уметност.“