Стивен Дејвис, кој нема една рака, добил бесплатна протеза од организацијата Team Unlimbited e-Nable, и наскоро и тој станал волонтер во таа организација. Кога Дејвис дознал дека во Бристол има осумгодишно девојче на коешто исто така му е потребна протеза, во тоа видел добра можност да се оддолжи за добрината која му била сторена – тој самиот дизајнирал рака за Изабела, и потоа извозил пат од 320 километри за лично да ѝ ја испорача.
Протезата е толку блескава и со храбар дизајн, што таа решила да ја носи во локалниот супермаркет веднаш откако ја добила, горделиво вртејќи се наоколу за целиот свет да ја види, како што раскажува нејзиниот татко. Таа радо ја покажува својата нова протеза и раскажува како работи уште од моментот кога ја добила својат протеза, на секој кој е расположен да ја слуша.
„Овој ден засекогаш ќе остане најубавиот ден во мојот живот, пишува Дејвис на својот блог. E-Nable е глобална мрежа од волонтери кои сакаат да достигнат бројка од 1000 изработени раце за хендикепираните деца.