Метеорит е објект од вселената кој навлегува во атмосферата на друг објект и паѓа врз површината. Вообичаено секој метеорит кој го наоѓаат луѓето е некој помал камен од нашиот сончев систем. Тој стигнува до Земјата, се пробива низ атмосферата и удира на површината.
Но, тоа не значи дека сите метеорити се мали. Еве 7 примери за најголемите метеорити кои удриле во земјата.
1. Метеоритот Виламет
Овој голем камен бил најден од доселениците на американскиот северозапад во 1901. Навистина е огромен камен кој тежи околу 15.5 тони. Виламет сега се наоѓа во Американскиот музеј на историјата на природата
2. Мбоси
Ова чудовиште од 16 тони се наоѓа во Танзанија во Африка. Официјално се смета дека е најден во 1930, но не бил најден кратер предизвикан од ударот. Научниците се сомневаат дека бил довлечкан после ударот, или дека на тоа место бил доволно долго за времето да ги избраше трагите од неговото удирање.
3. Метеоритот Апгалилик во Гренланд
Интересното нешто во врска со Агпалилик е дека тој е еден од четирите главни делови од метеоритот од Кејп Јорк кој се расцепил над Гренлланд. Тежи 20 тони.
4. Метеоритот Бакубирито
Најголемиот метеорит во мексико истовремено е и најголемиот предмет кој во едно парче удрил во земјата. Бакубирито тежи околу 22 тони и е голема туристичка атракција.
5. Гренландскиот метеорит Ахнигито
Ахнигито е најголемото парче од Кејпјоркскиот метеорит. Тој тежи 31 тон и е најтешкиот метеорит придвижен од човештвото. Тој бил пренесен од Гренланд и продаден на Американскиот музеј на историјата на природата кадешто останува до ден денешен.
6. Ел Чако
Ел Чако е огромен и навистина застрашувачки вселенски камен кој се наоѓа во Аргентина и тежи околу 37 тони.
7. Метеоритот Хоба
Метеоритот Хоба во Намибија е најголемиот пронајден метеорит. Научниците веруваат дека 60-тонскиот Хоба на земјата долетал пред 80.000 години. Бил пронајден во 1920 од страна на фармер кој се обидувал да го изора своето поле, но наишол на џиновскиот метеорит.