Погледнете во следните фотографии што се’ научил да прави Чен со помош на своите нозе. Луѓето навистина знаат да бидат прекрасни.
Четириесет и осумгодишниот Чен Ксинјин имал тежок живот. На седумгодишна возраст ги изгубил своите раце како последица на струен удар, но и покрај тоа подоцна почнал да работи на семејната фарма. Кога Чен имал дваесет години, починал татко му, оставајќи ги Чен и неговата мајка сами да се грижат за себе. Како што мајка му се разболувала и животот станувал се потежок, некој му предложил да почне да проси, но тој гневно одговорил: „Јас немам раце, но имам добри нозе, и тие пари можам да си ги заработам сам.“
Откако ги загубил своите раце, Чен научил да готви, да се занимава со земјоделие и да плете кошници. Од 2014 почнал и целосно да се грижи за својата деведесет и едногодишна мајка, која останала парализирана, при што мора да ја храни со лажица, служејќи се со своите заби. Зимите се особено тешки за Чен, бидејќи му е тешко да си облече чорапи и друга облека да се стопли, па често страда од смрзнатини. Животот знае да биде тежок, и ваквите прекрасни луѓе од една страна не’ воодушевуваат со својата борбеност, решителност, пожртвуваност, грижа и љубов кон најблиските а од друга страна не’ потсетуваат повеќе да го цениме тоа што го имаме.