Сите ние сакаме здрав, активен мозок. Здравиот мозок ни помага да останеме живи, здрави и успешни. Но понекогаш има други надворешни сили кои можат да ја зголемат или намалат мозочната активност. Секојдневните случувања и појави драстично го менуваат мозокот и треба да се запознаеме со нив.
1. Насилството во домот го има истото дејство врз детскиот мозок како бојното поле врз мозокот на војник
2. Заборавањето е добро за мозокот. Бришењето на непотребните информации ја одржува еластичноста на нервниот систем.
3.Според научниците, држењето диета може да го присили мозокот да почне самиот да се јаде.
4. Хроничниот стрес може предвремено да го остари вашиот мозок и да го ослабне.
5. Недостатокот на кислород во мозокот за само пет до десет минути може да доведе до трајно мозочно оштетување.
6. Научно е докажано дека дури и мало чувство на моќ го менува начинот на кој функционира мозокот и го намалува сочувството.
7. „Сфенопалатинска ганглионеуралгија“ е научен израз за замрзнување на мозокот.
8. Не постои поделба помеѓу лев и десен мозок. Тие постојано работат заедно.
9. Мирисот на чоколадото ги зголемува тета мозочните бранови и предизвикува чувство на опуштеност.
10. За време на оргазам мозокот испушта толку многу допамин што мозочниот скен во тој момент наликува на скен на мозокот на некој кој е на хероин.
11. Имате рецептори за вкус во вашиот стомак, цревата, панкреасот, белите дробови, анусот, тестисите и мозокот.
12. Алкохолот не праи да заборавате. Кога ќе се опијаните до бесвест, мозокот привремено ја губи способноста да создава сеќавања, т.е. да помни.
13. Мозокот го чувствува емотивното одбивање како физичка болка.
14. Вашиот мозок продолжува да се развива се до доцните четириесетти, затоа мора да го одржувате активен.
15. Лишувањето од сон дејствува лошо врз мозокот на повеќе начини, намалувајќи ја способноста за расудување и ги успорува реакциите.