Кога денес вонземјани би ја посетиле Земјата, што мислите, дали би наишле на топол пречек, или на агресивност и сомничавост? Некои луѓе велат дека тие веќе нѐ посетиле. И не само тоа, туку и дека имале активна улога во геополитичките прашања, спречувајќи нѐ самите да се збришеме од лицето на планетата.

Според астронаутот Едгар Мичел, шестиот човек кој зачекорил на месечината, мирољубив вид на вонземјани ја посетиле земјата на почетокот на студената војна за да ја спречат неизбежната нуклеарна војна која имала капацитет да го уништи речиси целиот живот на Земјата.

edgar-mitchell

Мичел, кој бил астроанут на Аполо 14 во 1971 година, изјавил дека овие мирољубиви вонземјани нѐ посетиле за време на нуклеарните тестови кај познатите Бели Песоци во Ново Мексико, при што појавиле забележителен интерес за воената способност на Земјаните.

„Разговарав со многу офицери на воздушните сили кои работеле кај овие силоси за време на Студената Војна“, вели тој. „Тие ми кажаа дека на небото често се забележувале НЛО-а и дека тие често ги онеспособувале и соборувале проектилите.“

Овие тврдења можеби се чинат малку налудничави, но Мичел е познат по неговото отворено верување во постоењето на вонземјани, кое почнал да го искажува по неговото слетување на месечината. Тој вели дека тие често изгледаат како стереотипичните „сиви“ вонземјани, со мали тела и големи глави и очи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено