Меѓународно истражување во всрска со искуствата на блиска смрт покажува дека речиси двајца од пет луѓе во просек, коишто биле реанимирани од срцев удар, доживувале форма на свесност неколку минути откако нивните мозоци престанувале да функционираат.
Како е можно тоа?
Околу триесет секунди по престанокот на работата на срцето, мозокот вообичаено се исклучува. Но, тим од истражувачи работат на тоа да се прошири таа временска рамка. Тие тврдат дека можеби постои „поширок прозорец преку кој луѓето би се вратиле во живот отколку што се мислело порано“.
Истражувачи при Универзитетот на Саутемптон посветиле четири години на проучување на инфарктните случаи во Велика Британија, Северна Америка и Европа. По интервјуирањето на 140 од 300 луѓе коишто преживеале срцев удар, откриле дека 39 отсто од нив споделувале слични искуства. Студијата била објавена во журналот „Оживување“ и може да се прочита тука.
Истражувачите имале можност да слушнат неколку сеќавања како тоа на овој пациент, кој во детали опишал како болничкиот тим го оживеал неговото срце три минути по неговата клиничка смрт.
„Човекот опиша сѐ што му се случувало во собата, но важно е тоа што слушнал два звуци од машината која прави звук во интервал од три минути“, известува д-р Сем Парниа, лидерот на истражувачкиот тим.
Фактот дека можел да го слушне специфичниот звук и да ги опише болничките процедури во детали се доказ дека неговата свест постоела надвор од животниот век на неговото тело, како што верува д-р Парниа.
Истражувачите вклучиле и уште еден интересен експеримент во нивниото истражување. Имено, за да го испитаат искуството на „лебдење на духот“, тие криеле предмети кои би биле надвор од видното поле на телото на пациентот додека лежи. Ако пациентот потоа раскажувал за „лебдење одозгора“ а не се сеќава на скриените предмети, истражувачите тоа го запишувале како случај на лажно сеќавање. Ова е трето вакво истражување спроведено од страна на д-р Париа и неговиот тим. Тие не бараат доказ за живот после смртта, туку повеќе би сакале да откријат на кој начин реанимацијата влијае врз дотокот на крв во мозокот и како да се променат ефектите на клиничка смрт.
Истражувачите исто така спровеле истражување во врска со посттрауматскиот стрес помеѓу пациентите кои биле оживеани подолго време откако нивното срце престанало да чука. Кристофер Френч, скептик во врска со животот по смртта и професор по психологија при Лондонскиот универзитет, искуствата на блиска смрт во истражувањата на Парниа ги опишува како „сложени искуства на халуцинации“. Д-р Парниа од друга страна смета дека смртта е малку пофлуиден концепт, кој се случува постепено, а не наеднаш во определен момент.
Тој верува дека, барем во некои случаи, смртта е „потенцијално повратен процес“. Тој се надева дека неговиот научен труд ќе поттикне повеќе истражувања на ова поле.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.