Кога на 29-годишниот инженер Натан Бјулер случајно му паднал телефонот во реката Боу на 2. август, тој не се ни мачел да го бара. Но две недели подоцна, некој почнал да постира слики од телефонот на Фејсбук профилот на Бјулер.
Телефонот го нашле пожарникари од главната пожарникарска станица во Калгари, коишто решиле да го преименуваат телефонот во „Хектор Санчез“ и малку да се забавуваат додека се обидувале да го контактираат сопственикот.
Екипата решила да ја искористи отклучената Фејсбук сметка и преку постирање на профилот, или Бјулер или некој од неговите блиски ќе го забележи тоа и ќе го извести дека ќе може да си го подигне телефонот во пожарникарската станица бр. 1.