Бил Хикс (16. декември, 1961 – 26. февруари, 1994) беше американски комичар и општествен критичар. Неговото дело, кое опфаќаше широк спектар на социјални прашања, како религија, политика и философија, беше контроверзно и често зачекоруваше во доменот на мрачната комедија.
Еве избор од негови цитати кои ќе ве восхитат
– Ми се смачи од овие глупости во стилот: „Зар човештвото не е супер?“ Ние сме вирус со чевли.
– Ако сакате да разберете некое општество, погледнете ги дрогите коишто ги толерира. И што ова ви вели за американската култура? Па, погледнете ги дрогите кои ги користиме. Освен фармацевтскиот отров, во основа има само два видови на дрога коишто западната цивилизација ги толерира: кофеин од понеделник до петок за да ве енергизираат и од вас да направат продуктивен член на општеството, и алкохол од петок до понеделник за да ве направи премногу глупав за да сфатите во каков затвор живеете.
– За нашиот живот сите плаќаме со смрт, па така сѐ што е помеѓу треба да е бесплатно.
– Гледањето телевизија е како да ставате црна боја врз вашето трето око.
– Минатата година бев во Нешвил, Тенеси. По настапот појдов во Вафл Хаус. Не се гордеам со тоа, бев гладен. Седам сам, јадам и читам книга. Келнерката ми приоѓа и ме прашува: „Еј, з`ш читаш?“ Зар тоа не е најчудното е*ено прашање коешто сте го слушнале? Не што читам, туку ЗОШТО читам? Епа да му се не види, е тука ме отепа! Зошто читам? Паа….хмммм..шо знам…Изглеа читам заради многу причини, а главната е за да не завршам како е*ена келнерка во продавница за вафли.“
– Верувам дека во нешто сите луѓе се еднакви. Сите сме за никаде.
– Луѓе, време е да еволуираме. Затоа сме во маки. Знаете ли зошто сите наши институции ни откажуваат? Црквата, државата, сѐ откажува! Тоа е затоа што, епа – не се веќе релевантни. Би требало да продолжиме да еволуираме. Еволуцијата за нас не завршила со тоа што ни пораснал палец – тоа го знаете, зар не?
– Врати се в кревет, Америка. Твојата влада смисли како сѐ ќе се случи. Врати се в кревет, Америка. Твојата влада пак ја има контролата. Еве. Еве ви американски глаадијатори. Гледај го ова и молчи! Врати се в кревет, Америка. Еве ви американски гладијатори! Еве ви 56 канали со нив! Гледајте ги овие хипофизни ретарди си ги разбиваат е*ените черепи еден на друг и честитајте си дека живеете во слободна земја. Еве ти, Америка! Ти си слободна да правиш сѐ што ќе ти кажат! Слободна си да правиш сѐ што ние ти велиме!
– Најлошите непушачисе оние кои ќе ви пријдат и ќе се закашлаат. Тоа е доста е*ено сурово, зар не? Да не одиш и кај сакати да танцуваш?
– Еве каде се наоѓаме сега, како целина. Никој не е надвор од јамката. Доживуваме реалност заснована врз тенок фурнир од лаги и илузии. Свет во кој алчноста е Бог, а мудроста е грев, кадешто поделбата е клучна а единството е мечта, каде се воспева егоистичната итроштина, наместо умноста на срцето.
– Секогаш е смешно додека некој не настрада. Тогаш е урнебесно.
– Уживам во тоа постојано да сум аутсајдер. Ми овозможува да бидам креативен. не ми се допаѓа ништо во мејнстримот, па и јас на нив не им се допаѓам.
– Не сакам да звучам огорчен, студен и суров, но таков сум, па така испаѓа на крајот.
– Јас се приклучувам кон теоријата на Марк Твен дека последниот кој би требало да биде претседател на САД е оној кој тоа најмногу го сака. Би требало да се избере оној кој вреска и клоца додека го влечете кон Белата Куќа.
– Луѓето ме прашуваат каде стојам политички. Не е дека не се согласувам економската и надворешната политика, просто верувам дека Буш беше дете на Сатаната пратен тука да ја уништи планетата Земја. Малку на лево.
– Леле, извини! Јас па животот го сфаќав сериозно!