Татко оставил да му се удави дваесетгодишната ќерка, спречувајќи ги спасувачите да ја спасат, бидејќи не сакал таа да биде допирана од непознати луѓе. Анонимниот Азиец претпочитал сопствената ќерка да му се удави, отколку да биде „обесчестена“ од спасувачите, изјавила локалната полиција.

du-1

Потполковникот Ахмед Буркибах, заменик директор на спасувачкиот оддел во рамките на полицијата на Дубаи го изјавил следното за новинската агенција „Емирати 24/7“:

„Ова е еден од оние инциденти кои не можам да ги заборавам. Ме шокираше и мене и многу други кои беа инволвирани во случајот. Азискиот татко ги повел со себе сопругата и децата на плажа на пикник и забава. Децата пливале во морето и одеднаш дваесетгодишната девојка почнала да се дави и да вика за помош.“

du-2

Спасувачите се обиделе да влезат во водата и да ѝ помогнат на несреќната девојка, но таткото дури станал агресивен и ги повлекол назад. Глупавото суеверие на таткото дека ако непознати мажи ја допрат девојката, таа ќе биде обесчестена било директната причина неговата сопствена ќерка да го загуби својот живот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено