Во феудална Јапонија, во петнаесеттиот век, имало тајни платеници коишто служеле како шпиони, извидници и атентатори. Тоа биле познатите нинџи, и на нив им било потребно посебно оружје за да се заштитат себеси и да ги извруваат своите задачи. Еве што сѐ имало во нивниот арсенал.
Катана
Катаната било основното оружје на секој нинџа. Овој средновековен јапонски меч, познат по својата цврстина, бил изработуван од различни видови челик со различна цврстина, кои биле калени и превиткувани за да се отстранат нечистотиите и да се направат исклучително цврсти.
Фукијљ
Фукија е дувалка со која се стрелале стрелички потопени во отров. Типичната нинџа фукија била долга само педесеттина сантиметри, па така не постигнувала голема далечина и била тешка за нишанење. Денес во Јапонија стрелањето со фукија е спорт слично како и стрелаштвото.
Кусари-Фундо
Ова оружје коешто се состои од ланец (кусари) и тег (фундо) му помагало на нинџата да се брани кога не можел да ја носи својата катана. Можел да врти со своето кусари-фундо пред себе или да гаѓа со тегот и потоа да го повлече со синџирот.
Кусаригама
Кусаригама ги комбинира најдобрите делови од кусари-фундо, при што на едниот крај се додава остар срп. Во борбата нинџите би го употребиле тегот и ланецот за да го заробат својот противник, и потоа го прободувале со српот.
Теко-каги
Теко-каги било оружје со широка примена, кое можело да се употребува за напад и одбрана. Металните канџи закачени на дланките можеле да се употребуваат за гребење и сечење. Вештиот нинџа можел со теко-каги да го зграпчи сечилото на катаната на непријателот, и на тој начин да го разоружа.
Шурикен
Шурикените се едни од најпознатите и најпрепознатливите нинџа оружја. Овие ѕвезди за фрлање се изработувале во најразлични облици, но сите служеле само за едно нешто. Името шурикен се преведува со „меч скриен во рацете“.
Кунаи
Многу древни оружја всушност биле пренаменети земјоделски алатки, па така и кунаи не е исклучок. Првично ова оружје се употребувало како мистрија, но нинџите почнале да го употребуваат за копање на дупки во ѕидовите. Понекогаш се закачувало долго јаже на прстенот на крајот со кое лесно го повлекувало, но го користеле и за искачување по ѕидови.
Макибиши
Макибиши се шилци кои секогаш се поставуваат нагоре. Тие се совршени за успорување на коњицата или пешадијата, бидејќи макибиши лесно можеле да ги пробијат тенките сандали од коноп кои се носеле во феудална Јапонија.
Мецубиши
Ова било прав кој се фрлал во очите за да се заслепи противникот и се чувал во шупливи нешта како луспи од ореви и јајца. Се правел од пепел, измелен бибер, земја, па дури и ситно издробено стакло.
Какуте
Какуте бил прстен кој типично се носел на средниот прст. Шилците биле свртени навнатре, за нинџата да може да го употреби како изненадно оружје. Понекогаш шилците биле потопувани во отров. Исто така, какуте им помагало на нинџите да го зграпчат својот непријател кога го напаѓале.