Луѓето правеле пиво уште од кога почнале да се занимаваат со житни култури. Но, во древните времиња, пивото било интегрален дел од дневната исхрана, не служело за напивање. И еве зошто.

Најраниот доказ

p01

Откривањето на начинот на правење леб и пиво се толку многу важни за човечката историја, што им се припишува и раз војот на нови технологии и изградбата на градови. Најраниот доказ за варењето пиво е најден во планините на Иран, во областа на древна Месопотамија. Фрагменти од бокал стар најмалку 5.000 години биле обложени со пивски талог кој и денес се јавува при правењето пиво.

Божицата на пиварството

p02

Во древна Месопотамија, повеќето пивари биле жени. Дури имало и божица на пиварството, наречена Нинкаси. Во сочуваната поема во чест на Нинкаси се содржи и најстариот сочуван рецепт за пиво, со чекор по чекор упатство. Основачот на американската компанија за производство на алкохол, Анкор Бруинг Компани, го следел овој рецепт и успеал да направи пијалок кој можел да се пие без никаков проблем, кој содржел 3.5 проценти алкохол.

Се пиело со цевче

p03

Старите мајстори на правењето пиво мешале вода со испечен леб, мед и аромати, и потоа ја оставале смесата да ферментира. Така се добивало густа смеса која морала да се пие со цевче, за да се процеди течноста.

Од витално значење за кралот

p04

До средниот век, пивото станало еден од најважните производи во Европа, особено во северна Европа кадешто тешко успевало грозјето неопходно за производство на вино. Карло Велики, кралот кој го обединил поголемиот дел од континентална Европа во деветтиот век, го сметал пивото за толку важно, што самиот обучувал пивари.

Старовремски енергетски пијалок

p05

Пивото во средниот век било важно затоа што било сигурен извор на хралниви материи. Тоа служело како средновековна форма на енергетски пијалок, особено за работниците кои по цел ден работеле на полето, при што пивото најчесто се правело во локалните манастири.

Големото откритие

p06

Најголемото откритие во правењето пиво е додавањето на хмељ. Откриен во деветтиот век, овој процес бил широко прифатен во тринаесеттиот век. Хмељот му дал особен вкус на пивото, а и помогнал во процесот на презервација. Сега, наместо да мора да се сервира веднаш по приготвувањето, пивото можело да се складира шест или повеќе месеци.

Монасите го модернизираат

p07

До времето на Ренесансата, варењето пиво се модернизирало. Пиварите употребувале поголеми котли при започнувањто на процеост на ферментација. Тие почесто вареле пиво, а со додавањто на хмељот, можеле да започнат и со извезување и продавање на нивниот производ подалеку.

Поевтино и подобро

p08

Ова најверојатно е првата фотографија на луѓе коишто пијат пиво, снимена во 1844 година. За време на индустриската револуција уште една серија пронајдоци ја трансформирало пивската индустрија. Хидрометарот го мерел количеството на алкохол во пивото, и поварите на тој начин можеле да го унапредат и рафинираат производствениот процес, по најниски можни цени.

Илјада години пиварство

p09__

Денес пивото се флашира во шишиња и лименки и веќе не се сервира во глинени грниња со цевчиња, и не го прават само монасите. Најстарата пивара во светот била основана во Германија во 1040 година. Вајхенштефан е пиварницата која речиси илјада години ја одржува традицијата на производство на пиво. Тоа е нешто за што вреди да се наздрави.

Сподели на Facebook
пати видено