Jewelmer компанија основана во 1979 година од страна на француски експерт за бисери Жак Бренелеком и филипинскиот бизнисмен Мануел Кожуанко. Тие го започнале својот бизнис во една фарма за бисери на островот Палаван во Јужното море. Од тогаш до сега, за повеќе од 30 години, брендот Jewelmer стана водечки производител на бисери со ретка златна боја.
Пред да се стават школките во морето, после 2 години во инкубатор, во секоја се става мало јадро околу кое ќе се формира бисерот.
Во рок од 3 години нуркачи периодично ги проверуваат школките и го контролираат квалитетот за да се сигурни дека бисерот кој се формира е со правилна топчеста форма.
“Одгледување на бисери е многу тежок процес,” – вели Жак. „Секоја промена во температурата и состојбата на водата може да влијае на школките. Тие го чувствуваат тоа и може да го оштети квалитетот на бисерот. Веќе 38 години сум во одгледувањето на бисери, но се уште учам и секогаш ќе учам нешто ново. Добивањето на златни бисери е многу тешка задача. За да се постигне совршенство во овој случај потребно е да се помине долг пат.”
Не сите бисери може да имаат златна боја, некои се бели или со шампањ боја. Од 700 илјади бисери кои се произведени во фармите Жак, повеќе од 75% се бисери од највисок квалитет.
Фирмата не произведува само бисери, туку создава и свој дизајн на накит, кој е совршен спој на европската и азиската уметност и занаетчиство.