Бабет Џеквиш во О Клер, Висконсин, САД, била позната како „Дамата сончоглед“. Кога минатиот ноември починала по долга битка со ракот, нејзиниот сопруг, фармерот Дон Џеквиш, решил да исполни еден од нејзините сништа. Засадил 160 хектари сончоглед и ја основал компнаијата Семињата на надеж на Бабет, за да собере пари за истражувања за канцерогени заболувања.
„Таа ја увиде важноста на болничките испитувања и опити. Најпрвин ѝ даваа две недели до два месеци живот, коешто потоа стана девет години“, изјави Џеквиш за Еј-Би-Си Њуз. „Нејзиниот став секој ден беше – Јас можам да преживеам, секој ден сум сѐ поблиску до лекот. За жал, нејзиното здравје со текот на годините сѐ повеќе се влошуваше, па беше премногу тешко да се започне и води бизнис додека таа беше болна.“
Неколку месеци по смртта на Бабет, Дон нашол тајно писмо кое таа му го напишала нему. Во него пишувало:
„Ти продолжи и живеј го секој ден. Чувствувај ме во утринскиот воздух, и кога се будиш и си го правиш кафето, јас секогаш ќе бидам таму, крај тебе.“