Кои сѐ славни личности играле за двата тима…
1. Анџелина Џоли
Запрашана директно во едно интервју од 2003 година дали е бисексуалка, актерката Анџелина Џоли одговорила со слична директност: „Се разбира“.
2. Били Џо Армстронг
Во интервју за Адвокат од 1995 година, пејачот на Грин Деј, Били Џо Армстронг, изјавил: „Мислам дека отсекогаш сум бил бисексуален. Тоа е нешто што секогаш ме интересирало. Мислам дека луѓето се родени бисексуални и дека само нашите родители и општеството некако нѐ скршнуваат да мислиме `О, не смеам.` Тие велат дека тоа е табу. Всадено ни е во главите дека тоа е лошо, кога всушност воопшто не е лошо. Тоа е прекрасно нешто.“
3. Дру Баримор
Во неколку интервјуа во раните 2000-ти, актерката Дру Баримор беше искрена за својата сексуалност. „Дали жените ми се допаѓаат на сексуален план? Да, ми се допаѓаат. Целосно! Отсекогаш сум се сметала себеси за бисексуалка. Да се биде со жена е како да се истражува сопственото тело, но преку нешто друго. Кога бев помлада, одев со многу жени. Го сакам тоа.“
4. Алан Каминг
Актерот Алан Каминг имал долги љубовни врски со мажи и со жени, вклучувајќи и два брака, еден со жена, и сегашниот брак со маж. Но неговиот брак како да не влијае врз неговиот интерес за други луѓе, и мажи и жени. Тој тоа едноставно го објаснува со зборовите: „Не верувам дека моногамијата е изводлива.“
5. Еми Вајнхаус
Пријателите на пејачката Еми Вајнхаус раскажуваат дека во 2010 година таа кажала: „Па што!? Сакам и девојки. Сум имала врски со други жени, но тоа не значи дека не го сакам Блејк.“
6. Алек Гинис
Актерот Алек Гинис успешно го криел својот приватен живот од јавноста, но по неговата смрт во 2001 година, неговата бисексуалност излегла на видело. Факт кој неговото семејство и пријателите го знаеле за него, се разбира.
7. Ана Паквин
Актерката Ана Паквин е непопустлива бисексуалка, која во 2009 година го кажала следново: „За мене тоа и не е голем проблем бидејќи јас сум некој кој верува дека бисексуалноста реално постои. Таа не е измислена.Не е недостиг на решителност.“
8. Енди Дик
За актерот Енди Дик често се претпоставува дека е геј, но за Вашингтон Пост тој изјавил: „Само затоа што сум бил со машки – а јас сум би – тоа не значи дека сум геј.“
9. Кери Браунстин
И покрај тоа што таа самата никогаш не го потврдила тоа, за пејачката и актерка Кери Браунстин се зборуваше дека ја интересираат жени. Потоа во 2006 година, весникот Њујорк Тајмс ја опиша како „отворено геј“, но во 2012 таа ги изјасни работите: „Чудно е тоа што никој не ме праша мене. Луѓето само си претпоставуваат, ти си ова или она. ОК, јас сум бисексуалка.“
10. Кери Грант
И покрај тоа што никогаш не го признал тоа јавно, Кери Грант е опишан како бисексуалец од неколкумина негови блиски, вклучувајќи ги и неговите први две жени. По кратка врска со дизајнер на костуми, Грант помеѓу двата брака живеел со актерот Рандолф Скот цели дванаесет години. Близок пријател и на двајцата изјавил дека во нивната врска тие биле „длабоко и лудо вљубени.“
11. Синтија Никсон
На ѕвездата од „Сексот и градот“, Синтија Никсон можеби изразот бисексуалка не ѝ се допаѓа многу, но сепак го прифаќа. Таа вели: „Не го истакнувам зборот бисексуалка бидејќи никој не ги сака бисексуалците. Секој сака да се истура врз бисексуалците…Воопшто не нѐ почитуваат.“
12. Кристофер Хичинс
Авторот и познат атеист Кристофер Хичинс колку што бил контраш, толку бил и бисексуалец. Тој е познат по тоа дека ги бакнувал неговите машки пријатели во уста пред нивните жени, за да види како ќе реагираат.
13. Еван Рејчел Вуд
Актерката Еван Рејчел Вуд без никакви церемонии се изјаснила во твит од 2012 година: „Јас самата сум бисексуака и секогаш се шегував дека Мајли ми дава „геј“ вибрации. Тоа не е лошо нешто. Само опсервација.“
14. Дејвид Боуви
Во интервју за Плејбој од 1976 година, музичарот Дејвид Боуви бил совршено искрен: „Вистина е – јас сум бисексуалец…Тој факт го искористив многу добро. Мислам дека тоа е најдоброто нешто што ми се случило. А и забавно е.“
15. Грета Гарбо
Биографите тврдат дека актерката Грета Гарбо имала интимни врски со жени, како и со мажи. Почнувајќи од 1927 година, кога имала 22 години, Гарбо започнала последователна серија врски со жени. Откако дознала дека една од нејзините љубовници е бремена, таа во 1930 напишала, „Не можеме против нашата природа, таква каква што ја создал Бог. Но јас секогаш сметав дека ти и јас си припаѓаме една на друга.“ Во 1975 година напишала трогателна поема за тоа како не можела да ја допре раката на нејзината пријателка со којашто би можела заедно да чекори низ животот.
16. Ханс Кристијан Андерсен
Познатиот автор на бајки еднаш напишал: „Семоќен Господе, само тебе те имам, ти си тој кој управува со мојот живот. Морам да се дадам себеси на тебе! Дај ми средства за живот! Дај ми невеста! Мојата крв сака љубов, како и моето срце!“ Но, доживувал и привлечност од истиот пол, пишувајќи му еднаш на еден свој пријател: Копнеам по тебе како по убава калабриска проститутка…моите чувства кон тебе се како чувства на жена. Женственоста на мојата природа и нашето пријателство мора да останат тајна.“ И покрај очигледно силните чувства и кон жените и кон мажите, тој сепак имал силни потешкотии да оформи врска.
17. Џилијан Мајклс
Во интервју за Лејдис Хоум Журнал од 2010 година, тренерот на Најголемиот Лузер, Џилијан Мајклс била првата личност која отворено ја признала својата бисексуалност за списанието. Таа изјавила: „Ајде само да кажеме дека верувам во здрава љубов. Ако се вљубам во жена, тоа е супер. Ако се вљубам во маж, тоа е супер. Сѐ додека се вљубувам…Тоа е како органска храна. Јадам само здрава храна и сакам само здрава љубов.“
18. Лу Рид
Како возрасен, пејанот и песнописец Лу Рид никогаш не бил таинствен за неговиот интерес и за мажи и за жени. За несреќа, неговата склоност кон мажите била откриена во неговите тинејџерски години и бил пратен во ментална институција кадешто се обиделе да му ја избијат со електро-шокови. За овие ужасни години, тој подоцна напишал: „Ви ставаат нешто низ грлото за да не си го голтнете јазикот, и ви ставаат електроди на главата. Тоа е тоа што се препорауваше во Државната болница Рокленд за да се потиснат хомосексуалните чувства. Ефектот е што го губите помнењето и се претворате во растение. Не можете да прочитате книга, бидејќи ќе стигнете до седумнаесеттата страница и морате да се вратите на првата страница.
19. Џоан Баез
И покрај тоа што главно била со мажи, пејачката Џоан Баез уште од седумдесеттите е отворена во врска со нејзината врска со жена која ја имала во 1962 година. Таа застанала цврсто зад тоа и покрај контроверзите кои ѝ ги причинила таа врска и оттогаш е силен поддржувач за еднакви права на ЛГБТ луѓето.
20. Мајкл Стајп
Пејачот на Р.Е.М. е отворен за својата бисексуалност уште од деведесеттите. Тој објаснува зошто тогаш се отворил: „Тоа е нешто што секогаш се сметало за приватна работа и дека не треба да ги интересира другите. Јас секогаш сум бил отворен за тоа – кон моето семејство, пријателите и кон бендот. На крајот сето тоа стана глупаво, па си помислив, е*и му мајката, едноставно ќе го кажам тоа.“
21. Кеша
Музичарката Кеша својот став кон љубовта и врските го искажа за Хафингтон Пост: „Ги сакам луѓето. Не се работи за пол. Само се работи за духот кој зрачи од личноста со која сте заедно.“
22. Маргарет Чо
Комедијантката Маргарет Чо за Њујорк Тајмс изјавила: „Себеси се сметам за геј, но сум мажена за маж. Се разбира, сум имала врски и со жени, но моите политики се повеќе `квир` од мојот животен стил.
23. П.Л. Траверс
И покрај многубројните врски со мажи, единствената солидна врска авторката на Мери Попинс, П.Л. Траверс, во текот на целиот нејзин живот, бил со друга жена. И покрај изразената романтичност и сексуалност, нивното пријателство никогаш не излегло во јавност, и од еден биограф се опишува како интензивно, но двосмислено.
24. Марлон Брандо
Во 1976 година, актерот Марлон Брандо објаснил: „Хомосексуалноста толку ја има во модата, што веќе не е ни новост. Како и голем број на мажи, и јас имав хомосексуални искуста и не се срамам од тоа. Никогаш не сум обрнувал внимание што мислат луѓето за мене.“ Потоа искоментирал за гласините кои се шират за него и Џек Николсон: „Ако некој е убеден дека јас и Џек Николсон сме љубовници, нека продолжи да верува. Мислам дека тоа е забавно.“