Оваа недела, 29-годишен Германец бил уапсен на аеродромот во Франкфурт откако полицијата забележала дека тој својата лична карта ја ставил во микробранова печка за да го онеспособи вградениот микрочип.
Ставањето на личната карта во микробранова всушност е многу честа појава меѓу Германците, како и други граѓани на Европската Унија кои се загрижени за нивната приватност. Човекот, кој сѐ уште не е идентификуван, се соочува со обвинение за „незаконско менување на званични документи“ и е обвинет за неовластено ракување со државна сопственост. Ова ново обвинение загрижило многумина во ЕУ, бидејќи најверојатно има илјадници луѓе кои го сториле истото за да ја заштитат својата приватност.
Креаторот на плоштадот „Едвард Сноуден“, Маркварт Фошнер, објаснил во интервју за ВорлдВјуз во нуни дека германскиот народ многу се сомнева дека владата шпионира, поради фактот дека во нивната историја преживеале многу такви работи.
„Голем дел од ова може историски да се објасни; Германците биле следени од властите низ целиот дваесетти век. По ерата на нацизмот, разузнавачката служба Штази во бивша Источна Германија ги надгледуваше речиси сите граѓани на земјата. Со падот на Берлинскиот ѕид, источните Германци од официјални владини документи дознаа дека нивни пријатели и членови на семејството ги шпионирале со години и децении. Оттука, сѐ уште постои длабоко вкоренет сомнеж во државните власти во Германија“, објаснува Фошнер.
Според Вашингтон Пост, анкета од 2014 година покажала дека 40 отсто од Германците сметаат дека зголемената дигитализација и улогата на тајните служби можат да бидат закана.