Варѕија својата историја ја почнал како изолиран манастир во денешна Грузија. Потоа дошле Монголите и плановите се измениле.

gr01

Овој пештерски град во планините на Грузија денес е видлив само поради тоа што силен земјотрес ја урнал карпата која го засолнувала.

gr02

Конструкцијата на пештерскиот град Варѕија над реката Мтквари започнал за време на владеењето на Ѓорѓи III во средината на дванаесеттиот век. Кога некогавата ќерка станала првата кралица во кралстово, таа го проширила проектот.

Црквата Успение на Пресвета Богородица во Варѕија

gr03

Кралицата Тамара ја наредила изградбата на Црквата Успениа на Пресвета Богородица во осумдесеттите години од дванаесеттиот век. Целата црква и придружниот манастир биле издлабени во масивната карпа.

gr04

Кралицата Тамара и нејзиниот татко Ѓорѓи III

gr05

Наскоро Варѕија морал да стане нешто повеќе од место за поклоништво. Доаѓале монгослките освојувачи, и градот во карпа морал да биде проширен.

gr06

Биле издлабени повеќе од 600 простории на тринаесет нивоа, за да им се обезбеди засолниште на 2000 луѓе. Целиот град бил достапен единствено преку тунелите од дното на долината.

gr07

Варѕија бил самоодржлив и имал генијална конструкција. Имало терасно земјоделство на површината над подземниот град, комплетиран со систем за наводнување.

gr08

Монасите и жителите на Варѕија можеби ги преживеале инвазиите на напаѓачите, но градот не можел да го преживее разурнувачиот земјотрес во 1283 година. Две=третини од градот биле урнати. За среќа, бесценетите фрески од Црквата на Успението преживеале.

gr09

Монасите останале во Варѕија во текот на следните 300 години, сѐ додека не бил разурнат од Персијците во 1551 година. По доаѓањето на Османлиите во 1578 година, целата област била напуштена. Денес неколку тврдокорни монаси се вратиле да живеат во карпестите простории и камбаните од црквата Успение на Пресвета Богородица пак се слушаат секој ден.

gr10

Варѕија бил погоден од уште еден земјотрес, но за среќа го преживеал. Денес се смета за еден од најскапоцените локалитети во Грузија, додека Тамара е омилената личност како првата кралица на Грузија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено