Вградената камера во вашиот компјутер лесно се зема здраво за готово и се заборава на неа доколку не ја употребувате често. Но само затоа што не го користите ова неверојатно парче технологија – како што една жена од Торонто имала прилика да се увери на нејзин шок – не значи дека воопшто не се користи.
Ноќното гледање на Нетфликс на Челси Кларк и нејзиното момче не им се чинело како ништо невообичаено – сѐ додека една вечер не ѝ биле испратени слики од нив двајца на нејзиниот Фејсбук профил од страна на хакер кој ги сликал преку со помош на нејзината сопствена веб-камера.
Кларк го опишала ова како „ужасно дознавање. Навистина беше бизарно да се добијат тие пораки и за само неколку секунди ми беше како, `О Боже мој, ова значи дека некој постојано нѐ гледа.` Ние воопшто сме немале поим што се случува во тие мигови, но погледнато наназад тоа е навистина, навистина морничаво чувство. Многу вознемирувачко. Мислам, навистина се чувствувате како некој да е присутен во вашиот дом со вас.“
Хакерите ја употребуваат програмата Remote Access Trojan (RAT), за да добијат пристап до компјутерите на корисниците коишто воопшто не се сомневаат и да ја снимаат нивната активност, вклучително и сесиите со веб-камерата. Во друг инцидент, една жена во Канада којашто ја презела контролата врз камерата на други луѓе била уапсена за шпијунирање.
Тројанецот RAT лесно се набавува од страна на младите хакери почетници со помош на тие коишто имаат повеќе искуство. Овие хакери се нарекувани „Ратери“, според малверот кој најчесто го користат.
Полицијата во Торонто го истражува случајот на Кларк. За да се заштитите од вакви напади, редовно ажурирајте го вашиот систем, не посетувајте ризични сајтови, а некои препорачуваат и да залепите самолеплива лента врз вашата камера кога не ја употребувате.