ОН објавија друг извештај во кој споделуваат дека доколку исфрлањето на храната во светот би се намалило за само 25 отсто, би имало достаточно храна да се нахранат сите гладни во светот.

Според проценките, 40 отсто од храната во САД се фрла, а 1.3 милијарди тони храна, што изнесува околу третина од сета храна произведена во светот, се дозволува да се расипе пред воопшто да се конзумира. Тоа значи дека 45 отсто од сето овошје и зеленчук, 35 отсто од рибата и морската храна, 30 отсто од житариците, 20 отсто од млечните и 20 отсто од месните производи се фрлаат, и покрај фактот дека околу 795 милиони на оваа наша планета страдаат од тежок глад и недоволна исхрана.

food-waste

Додека земји како Франција преземале конкретно дејство, забранувајќи им на сите супермаркети намерно да фрлаат храна (и се поведува иницијатива овој закон да се примени на глобално ниво), сепак тоа што недостасува е индивидуален напор од страна на граѓаните во светот.

Според проценките, до 2050 година производството на храна која била потребна во 2005 година ќе треба да се зголеми за цели 60 отсто, за да може да се прехрани светското население. Но, воопшто нема да биде важно колку храна се произведува доколку луѓето одбиваат да прифатат одржливи навики и да го намалат непотребното упропастување на храната на индивидуално ниво.

Како што известува Гардијан, намалувањето на непотребното исфрлање на храна би го симнало товарот од производствените процеси и ресурси како што светот се обидува да ѝ излезе в пресрет на идната побарувачка. Оваа задача е едноставна доколку се планира однапред, како и со акции за донирање на неупотребената храна.

FoodWaste3

Проблемот со фрлањето на храната дефинитивно е еден од главните проблеми во светот. Во развиените земји се фрла 30-40 отсто од севкупно произведената храна, додека во посиромашните земји се фрла 5-16 отсто. Според извештај од 2011 година, секој човек во Европа и Северна Америка во просек фрла по 95-115 килограми на употреблива храна на годишно ниво, додека во субсахарска Африка и во јужна и југоисточна Азија се фрла само 5-11 килограми храна по човек.

Роберт ван Отердијк, координатор на програмата за штедење на храна во рамките на ООН, вели дека: „Во земјите во развој речиси воопшто не се фрла храна“.

Сподели на Facebook
пати видено