Дали некогаш сте се запрашале како изгледа светот виден со очите на вашето сакано милениче, или на величествениот орел и пеперутката високо од небото? Или на ползечката змија? Разликите во нивниот вид се огромни и многу често човечката способност за гледање е далеку послаба од некои животни.

Змиини очи: инфрацрвени сензори за ловење на пленот

o01

Боите, питоните и ѕвечарките создаваат топлински ментални слики на нивните жртви, со што јасно ги забележуваат ноќе. Во овој поглед водство имаат ѕвечарките – сензорите во нивните очи се десет пати попрецизни од било кој вештачки инфрацрвен сензор на пазарот.

Во очите на кучето, животот изгледа бледо

o02

Нашите влакнести најдобри пријатели можеби имаат суперчувство за мирис, но нивниот вид заостанува зад нашиот. Нивните очи имаат две конусни клетки, што ги прави слепи за боја.

Мачкините очи светат во ноќта

o04

Мачките се кратковиди суштества и слепи за боја. Во нивните очи светот изгледа бледо и магловито, освен ноќе. Мачката може да гледа со една шестина од количеството светлина кое му е потребно на човекот да гледа. Ова се должи на големиот број на фоторецептори во нивната ретина.

Геко гуштер – не му е потребна камера за ноќно гледање

o05

Очите на гекото се 350 пати почувствителни на светлина од очите на човекот. Чувствителноста на светлина во комбинација со големите конусни клетки им овозможуваат да гледаат во ноќното небо без никакво губење на боите, што нивниот вид е неспоредливо супериорен во споредба со видот на другите ноќни ловци.

Видот на кравите – тревата можеби не е зелена, но е насекаде околу нив

o06

Кравата не ја гледа тревата како раскошно зелена, бидејќи тие гледаат само црвено и портокалово. Ова ограничување го надоместуваат со способноста да гледаат речиси 360 степени околу нив.

Пеперутките гледаат бои кои за луѓето се невидливи

o07

Пеперутките имаат само 0.04 од визуелната точност на луѓето, но овој недостаток го надоместуваат со нивната способност да ги гледаат црвениот, синиот и зелениот дел од УВ спектарот. Пеперутките, како и пчелите можат да ги гледаат уникатните УВ нијанси на поленот во цвеќињата.

Пчелите ги гледаат боите побрзо од луѓето

o08

Фоторецепторите во очите на ги впиваат боите три пати побрзо од очите на луѓето, а покрај тоа гледаат дел од УВ спектарот кој за луѓето е невидлив. Научниците веруваат дека оваа способност им овозможува да се движат низ тревата и да ги препознаваат цвеќињата од кои собираат полен.

Камелеони фокусираат само со едно око

o09

Камелеоните се единствените `рбетници способни да се фокусираат и гледаат во длабочина со едно око, што се нарекува еднооко фокусирање. Камелеоните можат да ги движат нивните очни јаболка независно едно од друго и гледаат во опсег од 360 степени. Човечкиот опсег изнесува 180 степени. Овие способности им овозможуваат лесно да го забележуваат својот плен, но и своите непријатели грабливци.

Жирафата – комуникација и безбедност

o10

Жирафите ја користат нивната висина и остар вид за да ги забележуваат грабливците и да ги предупредуваат другите животни за претстоечката опасност. Нивната способност да гледаат бои на голема далечина, како и големото видно поле им помага да ги следат другите жирафи, овозможувајќи им да комуницираат едни со други со карактеристични изрази на очите – т.е. тие си зборуваат со очите.

Џиновската лигња има најголеми очи во светот

o11

Очните јаболка на џиновската лигња се големи колку кошаркарска топка. Ова им овозможува да го забележат китовите, нивните основни предатори, на далечина од фудбалско игралиште во тешко видливи услови.

Ракот богомолка: сателитски поглед

o12

Очоте на ракот богомолка се меѓу најуникатните и најмистериозните во животинскиот свет. Повеќето животни имаат три фоторецептори со кои ги разликуваат боите. Ракот богомолка има 12 фоторецептори.

Дали ќорпилињата се слепи?

o13

Спротивно на раширеното верување, лилјаците не се слепи. Големите лилјаци, познати и како летачки лисици, имаат стапчиња и чепчиња во очите, што им овозможуваат распознавање на боите како и дневно гледање. Малите лилјаци од друта страна целосно се потпираат на ехо локација за да се ориентираат при ловење на нивниот плен.

Сподели на Facebook
пати видено