Јас сум самохрана мајка. Живеам во Мисисипи кадешто најдов страст за создавањето уметност со мојот iPhone, кога го открив Инстаграм во 2011 година. Социјалната мрежа беше нова и веднаш ја засакав. Отсекогаш сум била креативна личност, но таа своја страна навистина ја истражив кога почнав да си играм со апликациите на мојот iPhone. Моето целосно нурнување во сите тие нешта (ајфонографија, Инстаграм) ми станаа опсесија и сега, во 2015 година, ме следат над 400.000 луѓе.
Луѓето често ме прашуваат како ги правам моите фотографии, кои ми се омилените апликации, дали користам Фотошоп? Не би можела да се снајдам во Фотошоп дури ни кога би го имала! Единствениот уред со кој ги сликам и уредувам моите дела е мојот iPhone 6 (првата година тоа беше iPhone 4 со скршен екран). Неодамна го почнав хаштагот #createdoniphone на Инстаграм за да ја означам мојата работа, за луѓето да можат да познаат кои од моите фотографии биле уредени на мобилниот уред. Моите омилени апликации често се менуваат, но во моментот тоа се Snapseed, Superimpose, Alien Sky, Circular, Facetune, Flood, и Retouch.
Моите дела се повлијаени од животот на американскиот Југ. Јас сум родена и порасната во Мисисипи и денес сѐ уште живеам таму. Мојата цел отсекогаш била на светот да му ја покажам поинаквата страна на Мисисипи. Сакам гледачот да го поведам на визуелно патување со мене во земјата Оз кога ги гледаат моите слики. Исто така, ме инсприраат музиката, патувањето, природата и филмовите.
Мелиса Винсент