На дното на плитко езеро во Хималаите лежат стотици древни човечки коски стари илјадници години. Отпрвин истражувачите шпекулирале дека езерото било место кадешто се случило масовно самоубиство, или пак се случило лизгање на земјиштето. Но требало да поминат децении по првото откривање на коските во 1942 за истражувачите да ги состават парчињата на сложувалката и и конечно да откријат што навистина се случило и како загинале тие луѓе.
Роопкунд, Идија, е живописно одредиште на Хималаите, но под површината на плиткото заледено езеро се крие нешто што е сѐ, само не и идилично.
Езерото станало познато како Езерото на костурите. Секоја година кога ќе се стопи снегот, се гледаат стотици човечки коски.
Во 1942 година, британски шумски чувар го открил замрзнатото езеро преполно со човечки костури. Кога дошло летото и се стопил снегот, тој видел уште многу повеќе костури како плутаат во водата и други расфрлани крај бреговите на езерото.
Изгледало како да се случило нешто ужасно, и со оглед на тоа дека тогаш светот сѐ уште се наоѓал во Втората светска војна, британскиот шумски чувар исклучително многу се вознемирил. Британската влада брзо била известена за езерото со костури.
Првата претпоставка била дека коските им припаѓале на јапонските војници кои загинале обидувајќи се да минат преку Индија и да изведат копнена инвазија. Англија, ужасната од можноста за јапонски копнен напад, испратила тим на истражувачи да ја откријат мистеријата за костурите во езерото.
Иследниците откриле дека коските се премногу стари за да им припаѓаат на јапонски војници. Исто така, тие дознале дека косата и месото на коските биле зачувани од сувиот, студен воздух, но освен тоа, тие не можеле кажат ништо повеќе за костурите.
Вистината зад костурите почнала да се одвиткува дури по праќањето на истражувачка експедиција во 2014 година. По анализата на ДНК, тие дознале дека коските датираат приближно од 850 г.н. Костурите им припаѓале на две групи на луѓе – семејство или племе и група на пониски луѓе, коишто најверојатно биле локални водичи. Копјата, бамбусовите стапови и кожната облека најдени во близина на коските ги навеле експертите да веруваат дека група поклоници минувале низ долината со помош на локалните жители.
Покрај тоа, истражувачите заклучиле дека сите тие биле убиени на ист начин, со удари во главата. Но длабоките пукнатини во нивните черепи не биле направени со оружје во човечка изработка. Тогаш, што ги убило стотиците луѓе во 850 година?
Има веројатност сите 200 луѓе да биле убиени од моќно невреме со град. Немајќи каде да се скријат или да се покријат, крупниот град ги претепал патниците, убивајќи ги сите до еден.
Една локална хималајска народна песна го опишува гневот на божицата поради тоа што странци минувале низ нејзиното планинско светилиште и го сквернавеле. Како казна, божицата пратила град „тврд како железо“ и го фрлила врз натрапниците. Оваа песна звучи слично на тоа што можеби навистина се случило со патниците од Езерото на костурите во Индија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.