Оваа недела за прв пат во историјата астронаутите ќе конзумираат храна којашто сами ја одгледале во вселената. Почнувајќи од оваа недела, кипажот на „Експедиција 44“ ќе имаат можност да јадат свежо овошје и зеленчук додека се наоѓаат во вселената. Храната се произведува во плантажата „Веги“, орбитирачка лабораторија во вселената за производство на земјоделски култури.
Со текот на времето, овој проект на астронаутите ќе им овозможи да патуваат подалеку во вселената без да имаат потреба од дополнителни снабдувања со храна, и може да биде витален дел од идните мисии на Марс.
Д-р Џиола Маса, еден од научниците коишто работат на Веги, вели дека овој проект и другите како него ќе бидат од животно значење за долгорочните вселенски патувања кои се планираат за в иднина.
„Колку подолго и подалеку патуваат луѓето од Земјата, толку поголема е потребата да одгледуваат растенија за храна, рециклирање на атмосферата и физиолошки потреби. Мислам дека системите со растенија ќе станат важни компоненти на секое долготрајно истражувачко сценарио“, неодамна изјави Меса.
„Се надеваме дека во иднина ќе ги зголемиме количеството и разновидноста на земјоделските и градинарските култури, и ова ќе ни овозможи да дознаеме повеќе за одгледувањето на растенија во услови на микрогравитаација. Ни претстојат експерименти коишто ќе го определат влијанието на квалитетот на светлината врз родот, хранливоста и вкусот, како на Земјата, така и во вселената“, додава Маса.
Д-р Реј Вилер, водечки истражувач во Активностите за напредната животна поддршка во рамките на Вселенскиот центар Кенеди објаснува дека за да се одлгедува храната се употребуваат различно обоени LED светилки.
„Сината и црвената бранова должина се минимумот кој е потребен за да се обезбеди добар растеж на растението. Тие веројатно се најефикасни во поглед на конверзијата на електрична енергија. Зелените LED светилки помагаат да се зголеми човечкото визуелно восприемање на растенијата, но не овозможуваат доволно светлина како црвените и сините. Постои доказ дека свежите видови храна како доматите, боровинките и црвенарта марула се добар извор на антиоксиданси. Имањето на свежа храна како оваа достапна во вселената може да има позитивно влијание врз расположението на луѓето и да овозможи дополнителна заштита од радијацијата во вселената.“
Овој проект е одобрен и спроведен од НАСА во соработка со SpaceX, една од приватните компании за патување во вселената коишто еден ден можеби ќе ја заменат НАСА.