На почетокот, „слободните ѕидари“ започнале како братство на ѕидари-градители во четиринаесеттиот век во Европа. Поради тоа што организацијата секогаш била тајна, низ вековите луѓето ѝ припишувале најразлични злокобни и необјаснети инциденти.
Масоните првин започнале како тајна професионална организација, но во седумнаесеттиот век во своите редови започнале да примаат луѓе кои не биле ѕидари. Ова на организацијата ѝ овозможило брзо да нарасне. Ова братство се проширило и во американските колонии, при што првата масонска ложа била основана во Масачусетс, во јули 1733 година.
Теорија: Масоните ја основале Америка како појдовна точка за воспоставување на нов светски поредок
Во срцето на секоја теорија на заговор за масони лежи теоријата дека масоните се инфилтрираат во владите за во еден момент во иднината да можат да ја преземат власта и да завладеат со светот, воспоставувајќи нов светски поредок. Поголем број од основачите на САД, вклучувајќи ги Џорџ Вашингтон, Бенџамин Франклин, како и петтиот претседател на САД, Џејмс Монро, биле масони.
Масонски симболи насекаде
На банкнотата од еден долар има пирамиа со око, за што се вели дека е масонски симбол. Текстот на латински под пирамидата се преведува со „Нов поредок на вековите“, потврда за досегот и моќта на масоните.
Теорија: Џек Мевосек е прикривање и масонско дело
Постои една теорија во врска со познатиот сериски убиец според која масоните ги убиле сведоците кои би можеле да посведочат дека британскиот престолонаследник ѝ направил дете на продавачка по националност Иркиња од католичка вероисповест.
Масоните го обожуваат Големиот Архитект на Универзумот
Со употребувањето на акронимот GAOTU ( на англиски: Great Architect of the Universe) им се овозможува на масоните кои потекнуваат од различни религии да се поврзат со нивните врховни божества. Каточичката црква од 1878 година им забранила на своите верници да стануваат масони.
Теорија: Масоните го обожуваат Сатаната
Алберт Пајк бил адвокат, писател и офицер на Конфедеративните Американски Држави за време на граѓанската војна. Покрај тоа, тој бил масон кој развил ритуали за масоните. Во 1871бјавил книга во која ги зацртал протоколите на редот. Во неа го има овој пасаж: „Луцифер, носител на светлината. Чудно и мистериозно име за духот на темнината. Луцифер, син на зората! Дали тој е носител на Светлината и со својот неподнослив сјај ги ослепува слабите, сетилни и себични души? Без никаков сомнеж!“
Теорија: Масоните стојат зад атентатите врз Линколн и Кенеди
Поради злата крв помеѓу масоните и католичката црква, теоретичарите на заговор веруваат дека масоните го убиле првиот католик претседател на САД, Џон Кенеди. Директорот на ФБИ, Џ. Едгар Хувер бил масон, како и врховниот обвинител Ерл Ворен. Новиот претседател на САД, Линдон Џонсон, бил масон, како и двајцата членовина Вореновата комисија за истражување на смртта на Кенеди, Ричард Расел и идниот претседател Џералд Форд.
Теорија: Масонството е инструмент за еврејското влијание
Евреите и масонството се доведуваат во врска по објавувањето на „Протоколите на Ционските мудреци“, антисемитска книга објавена во 1903 година во Русија, во која се тврди дека Евреите ги превзеле масоните. Германските масонски ложи биле разбиени со доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година. Нацистите често зборувале за еврејско-масонски заговор.
Теорија: Масоните го лажирале слетувањето на месечината
Теоретичарите на заговор постојано го оспоруваат слетувањето на месечината како измама. Тие тврдат дека се работи за масонски заговор поради бројот на масоните инволвирани во првите денови на НАСА, како Џон Глен, првиот Американец во вселената, и Баз Олдрин, вториот човек на месечината.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.