На Супермен му здосадило да се бори постојано со криминалците, па решил да му се јави на Бетмен и да му предложи да одат во некоја дискотека. Но, Бетмен рекол дека ќе треба да си остане дома, бидејќи Робин бил болен.
Разочаран Супермен му се јавил на Спајдермен, но Спајдермен рекол дека си средил средба со Жената-Мачка.
На крај, Супермен решил да и отиде на гости на Супержената. Како што е ред, слетал на балконот на станот на Супержената и ја видел внатре како лежи гола со раширени нозе. Помислил:
„Јас сум побрз од куршум! Можам да влезам таму, да завршам работа со неа и да си заминам пред таа да разбере што се случува!“
И навистина! Влегол и по некоја секунда излегол.
Во меѓувреме, Супержената рекла:
– Слушна ли нешто?
– Не – рекол Невидливиот човек – но одеднаш ужасно ме заболе задникот…