Овие луѓе извршиле големо влијание врз светските настани, а сепак нивните имиња ретко се спомнуваат во историските книги.
Елиша Греј – таткото на телефонот
Елиша Греј бил американски електричен инженер кој бил еден од основачите на Western Electric Company. Греј најмногу е познат по развојот на прототип за телефон во 1876 година. Всушност, некои автори денес сметаат дека тој треба да се смета за вистинскиот изумител на телефонот. Греј се смета и за татко на современиот музички синтисајзер, а покрај тоа е автор и на повеќе од 70 други патентирани пронајдоци.
Киа Силверброк – извонреден пронаоѓач
Киа Силверброк е австралиски пронаоѓач и претприемач. Се смета за еден од најплодните пронаоѓачи во светот, при што му се доделени 4665 пронајдоци само во САД. Силвербрук основал компании и развивал проекти од широк опсег на дисциплини, вклучувајќи области како компјутерска графика, видео и аудио продукција, научни компјутерски програми, фабричка автоматизација, дигитално печатење, LCD монитори, молекуларна електроника, софтвер за интернет, управување со содржини, генетички анализи, микроелектромеханички системи, безбедосни линкови, фотоволтаични соларни ќелии и интерактивни документи.
Густав Вајтхед – авијациски пионер
Густав Албин Вајтхед бил авијациски пионер кој емигрирал од Германија во САД, кадешто во периодот помеѓу 1897 и 1915 дизајнирал и произведувал едрилици, летачки машини и мотори. Постојат контроверзни пишани податоци како и тврдења од самиот Вајтхед дека тој успешно летал неколку пати во 1901 и 1903, претходејќи им на летовите на браќата Рајт во 1903 година.
Андтон Дрекслер – менторот на Хитлер
Антон Дрекслер бил германски политички лидер од крајната десница во 1920-текој бил инатрументот во формирањето на антисемитската германска работничка партија, претходникот на нацистичката партија. Дрекстер служел како ментор на Адолф Хитлер за време на неговите рани денови во политиката. На некој начин и изгледа како него, или па обратно, зар не?
Џон Алкок и Артур Браун – бестрашни пилоти
Британските авијатичари Џон Алкок и Артур Браун го извеле првиот непрекинат лет преку атлантскиот океан во јуни 1919 година. Винстон Черчил кој бил државен секретар за авијација во тоа време, ги наградил со наградата за авијација на весникот Дејли Мејл, како заслуга за нивното прво прелетување на Атлантскиот Океан во траење од помалку од 72 часа.
Лотар вон Рихтофен – врвен воен пилот
Лотар вон Рихтофен бил германски воен пилот од Првата светска војна на кој му се припишуваат четириесет воени победи. Тој бил помладиот брат на Манфред вон Рихтофен (Црвениот Барон) и далечен роднина на фелдмаршалот Волфрам вон Рихтхофен.
Ејми Џонсон – жена пилот
Иако целиот свет бил опседнат со Амелија Ирхарт, Ејми Џонсон била пионер во британската авијација во истото тоа време. Таа била првата жена пилот која прелетала сама од Британија до Австралија. Летајќи сама или во придружба на нејзиниот сопруг Џим Молисон, таа поставила бројни рекорди на долги дестинации за време на 1930-те. Летала во Втората светска војна како дел од логистичките сили за воен транспорт и загинала при пренесување на товар.
Алфред Расел Волис – претходникот на Дарвин
Алфред Расел Волис бил британски натуралист, истражувач, географ, антрополог и биолог. Тој е познат како зачетникот на теоријата за еволуцијата низ природна селкција, а неговата научна статија на таа тема била објавена заедно со некои писанија на Чарлс Дарвин во 1858 година. Поттикнат од тоа, Дарвин своите идеи ги објавил во „За потеклото на видовите“.
Фило Фарнсворт – телевизиски визионер
Фило Тејлор Фанрсворт бил американски пронаоѓач и телевизиски пионер. Тој дал голем и пресуден придонес во раниот развој на телевизијата. Веројатно најмногу е познат по развојот на првиот функционален електронски уред за пренос на слика, како и првиот целосно електронски телевизиски систем.