Перу се стреми кон тоа да обезбеди бесплатна електрична енергија за преку два милиони луѓе, кои спаѓаат во категоријата најсиромашни државјани на земјата.

Со овој потег до крајот на 2016 година, 95% од населението на Перу ќе добие пристап до електрична енергија. Хорхе Мерино, министерот за енергија и рударство на Перу, вели дека со националната програма за домашна фотоволтаична електрификација ќе се обезбеди електрицитет за најсиромашните домаќинства со инсталирање на фотоволтаични панели.

PeruSolar

Како што известува Latin American Herald Tribune, првиот дел од иницијативата се состои во обезбедување на соларни системи за 500.000 крајно сиромашни домаќинства во области кои немаат дури ни најосновен пристап до електричната мрежа. Мерино вели дека тендерското наддавање за поставувањето на останатиот дел од панелите ќе почне кон крајот на оваа година.

Започнувајќи првин во Контумаза, провинција во северноисточниот регион на Кахамарка, проектот веќе овозможил поставување на 1601 соларни панели. Според министерот, кога проектот ќе заврши, се очекува до крајот на 2016 година 95 отсто од населението на Перу да има пристап до електрична енергија. Зо споредба, денес пристап до електрична енергија имаат 66 отсто од граѓаните на Перу.

Според Мерино:

Оваа програма е наменета за најсиромашните луѓе, тие коишто немаат електрична енергија и сѐ уште употребуваат лампи, трошејќи ги сопствените средства да плаќаат за горива кои им штетат на здравјето.

Како што минува времето, искористувањето на сончевата енергија станува сѐ повеќе популарна, како во поразвиените, така и во посиромашните земји.

Сподели на Facebook
пати видено