Двајца полски иноватори измислија тули кои се енергетски ефикасни, а со нив се гради брзо и без малтер или друго врзивно средство. Тулите се така смислени што се заглавуваат како лего коцки. Градењето со вакви тули е неспоредливо побрзо, а и значително поевтино затоа што штедите не само работни часови туку и на малтер и изолација.